Мене искрено не ми е јасно зошто Opel не си го сочуваа Frontera-та во истиот ретро олд скул стил. Јапонците се пример како треба – Land Cruiser, Suzuki, Nisan… сите ги модернизираа, ама концептот за вистински 4x4 им остана ист.Не дозволија да исчезнат
Овој модел на Frontera, и со 5 врати и со 3 врати, се покажа одличен. Да, имаше проблем со бош пумпата после 200 илјади километри, ама тоа беше нешто што можеше да се среди впрочем и кај сите теренци со тој мотор што се вградуваше тоа им беше нека мана. Во суштина беше издржлив, робустен, и многу повеќе теренец отколку денешниве SUV пластики.
По мене, ова е едно од најдобрите што Opel некогаш го направил. Голема штета што не го сочуваа баш таков каков што беше – со свој карактер, со олд скул филозофија, а истовремено практичен за секојдневие и сите терени.