Peugeot возилата одсега со 4 годишна гаранција.Почнувајќи од 1 декември.2011 година сите новокупени Peuegot возила во Македонија ќе бидат со гаранциски период од 4 години и 100.000 изминати километри.
За време траењето на гаранцискиот период на клиентот ќе му биде достапна и услугата за транспорт на возилото во случај на дефект на пат и тоа 24 часа, 7 дена во неделата, вклучувајќи викенди и државни празници на ниво на Р.Македонија.
- Peugeot е бренд со историја и традиција. Минатата година го прославивме 200-тиот роденден на Peugeot брендот и 20 годишнината од постоењето на Еуроимпекс како Генерален увозник. Во Македонија имаме речиси 15.000 задоволни корисници на Peugeot. Ние се грижиме за нашите клиенти од првичниот контакт, па низ сите останати фази. Покрај најголемата продажно-сервисна мрежа во Македонија, специјални финансиски услови за продажба, високо-обучен продажен персонал, сервисни експерти и оригинални резервни делови, на корисниците на Peugeot возилата сега им обезбедуваме и вредност повеќе, – изјави Генералниот директор на Еуроимпекс, г-динот Даниел Воиновски.
За сите веќе купени Peugeot возила, на корисниците им се дава есклузивна можност клиентот договорната гаранција да ја надогради со продолжена гаранција. Со ова се опфатени сите возила кои немаат изминато повеќе од 30.000 km и не е изминато повеќе од 18 месеци од нивното купување.Според Воиновски сето ова го прават со цел да корисниците на Peugeot возилата да им се обезбеди што е можно поголеми бенифити, а како некои позначајни може да се извојат:
- големата Peugeot сервисна мрежа на услуга на клиентите. Повеќе од 6.000 Peugeot сервисни центри во 39 Европски земји;
- безгрижност со контролиран буџет;
- сервисни операции препорачани од Peugeot;
- како и продолжена и сигурна вредност на купеното Peugeot возило, како аргумент повеќе при повторна продажба.
Општо е познато дека секое возило има три фази низ кои минува и вредносно се одредуваат како: цена на возилото при купување, вредноста при одржување и вредноста на возилото која ќе ја има во моментот на повторна продажба. Со гаранцискиот период од 4-ри години, корисникот на Peugeot возило добива сигурна вредност која ќе го буквално ќе го следи низ сите фази.“
http://tocka.com.mk/index7.php?ID=55609