Шефот на BMW, Норберт Рајтхофер, во официјално излагање ги потврди гласините кои во изминатите месеци кружеа дека производителот од Минхен подготвува два нов кросовери Х2 и Х4.
Рајтхофер кој во BMW е претседател на бордот н директори и е извршен директор на марката се најде повикан да одговори на прашањето кое ги мачи автомобилските вљубеници веќе подолго време.
Тој откако и претходно го најави Х4 сега вели дека тоа ќе се случи наскоро. BMW X4 носи кодна ознака F26 и во гамата на BMW ќе биде позициониран над BMW X3 иако е поставен на иста платформа.
Главната разлика ќе биде во надворешниот изглед, одсносно X4 повеќе ќе наликува на купе, ќе нуди ист простор во кабината, но ќе има помал багажник. Имено разликата ќе биде иста како и меѓу X5 и Х6.
Подоцна на ред доаѓа и најмалиот активен кросовер на BMW X2. За него Рајтхофер не открива детали, но се очекува да биде поставен на основата на X1, но да носи значително поагресивен купеовски дизајн.
Идејата за тоа како е личат новите модели на BMW е прикажана на неофицијалните компјутерски генерирани фотографии.
http://www.vozi.com.mk/vesti/bmw-gi-potvrduva-ch2-i-ch4.html