Сега видов за што се работи ....
Нормално секој ќе помисли дека зошто би имало проблем да се репарира .... но, за мене би претставувало проблем и колку приближно фабрички ќе биде изведено репарирањето.
Не сум механичар, но би се запрашал, доколку има макар и мали отстапувања од фабричката изведба на чаурата, во поглед на гумата што е измеѓу штрафот и суспензијата, како и совршениот агол на штрафот (под 90 степени), како ова ќе се одрази на camber и toe?
Да не се случи после тоа колата да добие нагип и гумите да треба да ги менуваш на 5000 км или пак недај Боже, проблеми со движењето на патот.
Се надевам дека не сум во право, и некој ќе ме демантира.