Денес претпладне, за помалку од 3 саати ги сменив буферите, чаурите, селените (silent blocks) или кој како сака да ги нарече, на горните вилушки на 166-ката.
Воглавно се водев според ова упатство:
http://www.alfaworkshop.co.uk/alfa_wishbone_replacement.shtmlНо има и детаљи кои ќе ги опишам покасно.
Сега ќе догледам формула, па ќе изгледам тенис, па ќе одам на ручек и вечер ќе опишам детално и ќе надополнам со некоја сликичка!
Буфери 610x4 = 2440 денари, работна рака = 0 денари. Задоволство прајслес!
Едит: Одиме со прикаската.
Прво што ви треба е да го проучите упатството од горниот линк, убаво, два пати... па и 3 пати

Понатаму, дворче, сенка, две трупчиња од дрво и две дигалки (јас имам една „крокодилка“ и една стубна, хидраулични).
- Основен алат од типот крстач, прав штрафцигер, комплет окасти клучеви, комплет рачвасти, патент клуч.
- Алат за убедување: чекан, хебла (не е неопходна) и сл. WD40
- четири нови чаури (моите купени од Birth)
- еден помошник (не е неопходно, ама корисно, благодарност до татко ми за пружената рака помош)
Мерки на предострожност: Осигурајте колата да биде на рамно и да со дигната рачна, и задните тркала потпрени со камен/трупче или било што, што ќе обезбеди фиксација на задните тркала. Подигнатата кола никогаш не ја оставајте на дигалка, секогаш подметнете нешто што може да ја издржи тежината на колата. Дрвени трупци, Axle stands (кај нас не знам како се викаат), или слично. Останатите мерки на заштита, како ракавици цвикери и сл, се по желба, нема алат што искри, нема прашина, нема некои други посебни ризици.
Откако сме се осигурале дека колата е неподвижна одиме со работа:
- Прво ја подигаме со дизалица спротивната страна од онаа на која што мислиме да работиме, ја потпираме со трупче, доволно е гумата да виси во воздух, а може и да ја извадиме, ќе ни` треба извадена за после. Јас не ја извадив, зошто сакав веднаш да проверам откако ќе ја сменам едната страна дали добро вози колата.
- Ја подигаме малку страната на која работиме,
- ги олабавуваме штрафовите на тркалото,
- ја подигаме колата, така што тркалото ќе се најде во воздух,
- го вадиме тркалото.
Откако ќе го извадиме тркалото, имаме поглед на деловите од предната суспензија која изгледа отприлика вака (со мал опис на тоа што се вади):

А еве јас како ја сликав. За жал, брзав за формула да стигнам, не отсликав баш се` и најдобро (следниот пат, фотограф покрај мене):

Од искуството со првата страна што ја работев, открив кој е најдобриот редослед на откачување на деловите:
- Прво го отштрафуваме штрафот што ја држи јабучицата од горната вилушка, но не до крај. Мутерот го оставив на неколку навои, но самиот штраф да биде „пропаднат“. (Клуч 17-ка)
-WD40 по штрафот од сите страни. Тоа средство е немогуче! како убаво знае да продре, алал да му е!
- Земаме средство за убедување (5кг чекан), и удираме по мутерот, дур не попушти јабучицата. Стварно е многу стегната! Еве слика откако излезе:

Тука ќе ни биде потребен имбус, зошто штрафот од самата јабучица има имбус лежиште во средина, за да може да го држиш на место дур го заштрафуваш, инаку се врти заедно со мутерот.
- Понатаму ги откачуваме држачите за кабел за АБС сензор, сензор за истрошеност на кочниците, и цревото за кочници, кои се закачени на самиот амортизер. Алат не е потребен, освен рамен штрафцигер за да се извадат осигурачите што го држат цревото за кочници (иако може и со рака, ама полесно е со штрафцигер)
- Следна работа, го отштрафуваме горниот штраф од балансерот (спона на баланс штангла), и го вадиме од лежиште (може пак да е потребно мало убедување со чекич). Двете страни од колата ги подигнавме, зошто само кога двете тркала се на исто рамниште или висат, балансерите не се под оптеретување и лесно се вадат. (клуч 17-ка)

- Следно, го вадиме долгиот штраф што го врзува амортизерот со долната вилушка. Може малку со втората дизалица да ја потпреме долната вилушка, за да го ослободиме штрафот од тензија. (Два клуча 19-ка)

- Откако сме го извадиле овој штраф, веќе амортизерот со пружината (strut-от) ни` се држи само на горните штрафови, под хауба, заедно со држачоот на горната вилушка (трите штрафа околу централниот отвор за амортизер + уште еден веќе изваден малку полево на сликата) (Клуч 13-ка).
Потребно е претходно да се извадат украсните/заштитните пластики кои се наоѓаат врз овие штрафови.

-Откако ќе ги изавиме тие штрафови, малку лево-десно одоздола, и држачот со вилушката се веќе надвор:

Следи одвојување на држачот од вилушката со два клуча 17-ка, а потоа вадење на гумените чаури од вилушката:

Новите чаури изгледаат вака:

Се набиваат со малку коломаст и убедување со помош на истиот дугачок штраф кој ја врзува вилушката на држачот.
Одмор....
...... Вода.......
Одмор......
Враќаме назад по обратен редослед. Внимаваме на добро затегање на штрафовите, сепак е подвозје, но не претеруваме, да не искинеме некој штраф.
Тоа е тоа во суштина. Има физичка работа, но се` се работи со нормален алат, и се` е доволно пристапно за да може човек сам да го направи.
WD 40 по секој мутер и штраф, е нешто што може да не` спаси од доста нервози при ваква работа

Одвојте доволно време, не треба брзање, не е многу нити физички нити временски захтевна работа.
А, да.... Дали би го правел ова за некој друг? Нормално НЕ!
