Здраво, само што се зачленив на форумов и ме заинтересира темава околу гребаниците, меѓутоа до сега колку што можев да прочитам се збори само за надворешни гребаници, ме интересира дали има начин да се отстранат гребаници на ентериерот, поточно изгребана пластика, имам неколку гребаници на пластиката околу менувачот, најверојатно од мобилниот или клучевите што ги чував таму.Ваши идеи, искуства, поздрав.