Јас би пробал да ги решам ко` пацките од камчиња на праговите од стилото што ги решив: Премачкаш со тенкичок слој боја, претходно припремена од овие што прават бои, оставиш добро да се исуши, и после со малку поабразивна паста, нежно дур не се изедначи нивото со на нивото на лакот од каросеријата. Потоа едан убава крема за полирање и восоче - би требало да помогне 
Симо, ај ти како поупатен во работава, кажи каде да купам таква боја, т.е по што ја определуваат нијансата на бојата, по парче од колата со бојата, или по сообраќајна или.? Пр, мене ке ми треба малку 50-100 гр. и каде можам да купам таква количина на боја..Дај некој од каде што си купил боја, за да знам кога ке одам во СК да појдам до кај него и да купам боја. Истотака дали би знаел колку ке ме кошта таа количина на боја? Истотака дали да нанесам од истата таа боја и на пластиката подоле, што се гледа на сликата.?