Да си ја надополнам листата со 2008 Hyundai SantaFe 2.2 CRDi R-Line Automatic (150KW).
Викендов ми дојде стрико ми од Србија и во меѓувреме се снабдил со вакво чудо (american import). Не знам зошто, не ни сакам да знам, но ми го довери џипот и за два дена извозев околу 300 километри (Скопје - Гостивар, Гостивар - Крушево - Гостивар) и останав без зборови.
Првото искуство со автоматик менувач е чудно, да не речам језиво. Првите моменти по седнување на возачко седиште ми беа исполнети со паника зошто по навика кога фаќам менувач, стискам и на кумплуг*, и малце испаничив но брзо се навикнав.
После, 200 коња во турбо дизел машина... било каде, било како стискаш на гас и катапултира (иако менувачот споро реагираше).
На 160 освен звукот од куферот на кров не се слуша нити осеќа ништо.
Ух, реков останав без зборови али ете, сум имал што да кажам
P.S. Потрошувачка (моментална следевме цело време) на 120 км/ч со пуштена клима: 10.3 л/100км.