Перење е 200 денари, во најдобрата перална во Скопје и тоа. Во Кичево е 150 денари. Главен проблем што го има Бузуки со BMW-то е што кожата е станата темно кафена во неговата кола. Си треба хемиско чистење, и после ќе треба внатре чистење еднаш на 10 дена, бидејќи ќе бидат извадени сите нечистотии внатре што ги создаваат непријатните мириси.
Минатиот месец на највисоките горештини, колата ми корнеше на свашта. Ги извадив сите седишта, ги исчистив со оние активните пени, излезе од нив страшна гадотија... Додека беа надвор седиштата, го исчистив теписонот, и сега ако седнам во кола со парфем на маица/кошула, 2 дена си го осеќам парфемот во кола.
Тоа ти е као после долга нужда во тоалет да прскаш со дезодоранс. Мириса на дезодоранс, ама и на го*на удира малце. Ако прснеш во чиста просторија со дезодоранс, само дезодорансот се осеќа, и тоа доста долго.