Дечки,сопругата има оставштина од мајка и ваков точак

Точакот не е возен 10тина години сигурно и треба да се реставрира.
Под тоа подразбирам,фарбање,шмирглање на помошни елементи и нивно фарбање(некои може да се кородирани,како багажник и слично),нови гуми(внатрешни и надворешни),средување на кочници(сајли,пакни),звонче,корпа за напред голема,можеби нов ланец и останати елементи.
Значи да се среди точакот покрај козметички,и механички да може да се вози.
Пошто јас немам услови,а ни време,а и знаење за се од ова да го направам(ај добро ме мрзи,да бидам искрен),дали има некој на форумов или познавате таков што врши вакви услуги?