Јас силно стојам зад ставот дека точак на чиј рам пишува некој светски познат бренд не се паркира надвор. Ако треба да се влегува во објект, ќе си прашаш дали може внатре да поседи додека завршиш работа, мене во 95% од случаите ми дозволувале. Банките се тие што не дозволуваат (си прашував и по банки, да
). Кога не дозволуваат, тогаш ќе си го искористиш безбедносниот систем како овие од Абус и слично. 
Ако сум сигурен дека не можам безбедно да оставам точак, ич не излегувам со точак (барем не со скапиот).
Прав е Мартин.
Кога треба да застанувам на повеќе места кај што не ми е у видик точакот си идам пешки или со кола. Тужо али тоа е реалноста.
Не возам од 1000 еур точак ама пак не ми е поклонување.
Иначе и во Про Спорт имаат доста избор на ланци и сл.
Него класен ајд со здравје да го возиш, полека почни да шеташ по продавници сега, како што кажа, наочари, па мајчка Specialized, па бициклистички тесни дреч боја, па патики со штикла и на крај Thule на Голфот
