Мутирано го изгледав видеото со прескокнувања, можеби ќе утнам нешто, ама вака мое мислење:
Постапката е со голема веројатност иста,
федерите можиш да ги премачкаш со маст за лагери, литиумска графитна каква е појма немам секаде што ја има,
ама за гумиците за телескопите ти треба „растителна“ маст оти од овие другиве можат да се подујат, извиличат, не одма ама со тек на време.
Ваква маст да најдиш во мк единствено од SRAM во пробајк или работилница ооо, ако имаат мали паковања или да ти дадат во некое кремче да ти турат, ама рачунај мало паковање беше мислам 10-20 евра, така да пошто вилушката не вреди колку маста што ти треба терај си со обична насекаде.
Другите бајк продавници би требало да имаат слична маст, од друг производител можеби ама кој ги знај...
Јас на Rock Shox Recon му ставив едно +10години стара Ина маст за лагери на гумиците, па засега добри се веќе една година, пошто не можев ваква соодветна маст да најдам.