Мене колку што ме учеа, со најмалиот запчаник напред, се комбинираат најголемите запчаници позади на касетата, со средниот средните запчаници, а со најголемиот напред, најмалите позади. Тоа значи дека на точак со 18 брзини (6 позади запчаници, 3 напред), ефективно користиш 9-10. Така ланецот го држиш непрекршен, а и веројатно во тие 9-10 односи се одржани и останатите комбинации кои може да ги направиш со запчаниците ако не го почитуваш правилото. На пример, најмал напред и најмал позади веројатно има ист или многу сличен однос како среден напред и трет најмал позади...
уствари редењето 12 запчаници позади, според мене е само „чалам“ и шиткање муда за бубрези. За разлика од колите, кај луѓето обртниот момент на врз педаљите е прилично константен, па реално нема потреба од многу запчаничење и преноси.

Јас кога возам точак имам 2-3 брзини за на право, и 3-4 брзини за нагоре, зависно од успонот. А не сум некој профи, веројатно тие подолго што возат, користат и помалку од мене.