Кажав претходно дека земав багажник со идеја на него да го монтирам детското седиште, или па барем у најмала рука, да биде "бекап" доколку седиштето го монтирам на рамот...
После многу малтретирање и кршење прсти, успеав да го наместам:

Е арно ама, сабајлево пробав да го турам седиштето и оп! Qрааац...
Седиштето не може да се прицврсти на багажникот, ради некомпатибилност помеѓу самиот багажник и прицврстувачите. Не може ни на рамот, а багажникот да биде одоздола како бекап, због заради тоа што едни ствари се удараат у други.
Го извадив багажникот, го турив седиштето прицврстено со шипка, на рамот. Онака као да лебди над задното тркало.


Би сакал да ги прашам поискусните, или било кој што има повеќе познавање на темава, дали е вака безбедно или треба да барам друго чаре, додека да земеме приколка?

П.С. Си земав и браничиња

