Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1145545 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Велосипед
« Одговори #3630 на: 04 Јуни 2016, 00:58:48 am »
Еве ми го точакот:



Претпоставувам дека ќе треба да се прицврсти на рамот... Она што мене малку ме буни е како ќе се качам на точакот, пошо обично праам лак со едната нога, преку задното тркало и седиштето за да можам да седнам... Со детско седиште, ќе треба некако да прерипуем преку рамот за да можам да се качам на седиште...

Декатлон немам во близина... Ние сакавме од Амазон да нарачаме и седиште и шлемче, ама малце ме фаќа шубе за ова со прицврстувањево...


За жена ми земавме ваков:



Го начекавме на акција и го пазаривме брзопотезно. Сеа за сеа си врши работа...


Ивенчуали би сакале да земеме вакви:





ама има време, ќе бидат и тие...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #3631 на: 04 Јуни 2016, 01:25:19 am »
Обично така и се качува нормално на точак, префрлаш нога преку најниската точка на хоризонталната шипка, а не се качуваш директно на седиште со газот. :) Во спротивно, roundhouse kick на девојченцето :) (bad joke I know).

Со здравје да си го вози точакот сопругата, изгледа солидно изработен. :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #3632 на: 06 Јуни 2016, 10:40:41 am »

Спринтериците како соодејствуваат со „нормалните“ патики, во однос на броевите?
Треба еден број поголеми да се зимаат?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #3633 на: 06 Јуни 2016, 10:55:27 am »
Јас носам 42.5 Адидас калап, 42 Најк калап, спринтериците се 43.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #3634 на: 06 Јуни 2016, 12:47:26 pm »
Фала. А маунтин бајк патиките се исто компатибилни со роуд бајк педалите?
Или педалите немаат врска со роуд или мтб намена, купуваш какви сакаш?

На пример Шимано педалите PD-M530, може да се употребуваат со Shimano MT44 MTB SPD Shoes?
http://www.chainreactioncycles.com/mk/en/shimano-mt44-mtb-spd-shoes-2016/rp-prod115134

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #3635 на: 06 Јуни 2016, 18:55:28 pm »
EDIT: Бидејќи изнапишав све и заборавив да ти одговорам на прашањето, еве: Да, тие педали слободно може да се употребуваат со наведените патики. Јас препорачувам патики да се купуваат со проба, иако сум сигурен дека нивните сајзинг графикони се доста точни.


На следнава слика имаш приказ како изгледа MTB-only патика, комбинирана, и road-only патика.

Од лево кон десно:

MTB, комбинирана, road.

Обрати внимание на дупчињата каде што треба да се наштрафи плочката.



Разликата е во плочката што се штрафи на дното на патиката. Сега конкретно ти објаснувам за Shimano и нивниот SPD (shimano pedaling dynamics) систем.

На следната слика имаш road vs. MTB cleat (плочка), обележани се. Разликата е очигледна, и не се компатибилни едни со други.



Колку за приказ, повели и воочи ја разликата и помеѓу педалите:


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #3636 на: 07 Јуни 2016, 00:40:14 am »
Kул објаснување, фала. Значи мтб патики со мтб педали, и роуд бајк спринтерици со роудбајк педали... Тоа е правилото, ама по желба може и мтб педали (со мтб патики) на роуд бајк.

Таа дилема е решена но имам уште едно прашање, пошто ми останува главната дилема: Дали вреди 350 евра разлика од Тиагра до Ултегра - ако останатите компоненти на бајкот се споредливи?
Конкретно еве ги двата велосипеди меѓу кои се мислам:
https://www.canyon.com/en-hr/tools/bike-comparison/#biketype=1&bike1=3710&bike2=3714

За рекреативна намена станува збор, и прашањето е од аспект на трајност на компонентите. За Ултегра сум читал дека се поквалитетни компоненти, ама исто така се и наменски за тркање и затоа полесни. Дали тоа ги прави и помалку трајни, со оглед на целото тоа внимавање да се дојде до помала тежина (и помалку материјал да се употреби)?

Сето ова е од аспект на корисник кој нема(м) намера да менува велосипеди. Тркалата/обручите ми изгледаат како најслабите компоненти кај двата точаци. И кочниците кај Тиагра се наводно осетно послаби наводно се подобрувало со менување калипери/пакни), а менувањето брзини нешто поинертно.
Колку ова има улога за некој што сака заради фитнес повремено да се качи до Водно, и евентуално понекогаш да извози некоја пократка тура?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #3637 на: 07 Јуни 2016, 13:50:37 pm »
Мој совет е да одиш на 6.0 моделот со 105 опрема, ако веќе си решил да дадеш толку пари.

Зошто?

1. Ги добиваш тркалата од 7.0 моделот за помали пари.
2. 105 (5800 серијата) е извонредна група на делови, која работи идентично како Ultegra но е нешто ситно потешка и нормално поефтина.
3. Одржувањето на 105 е доста поефтино од одржувањето на Ultegra (фактор кој треба да го имаш во предвид, особено кога ќе дојде време за замена на предните запчаници). Касетата и ланецот се компатибилни, и 105ка може да работи со касета и ланец дури и од Dura-Ace ако се осеќаш доволно богат.
4. Бидејќи сакаш рекреативно за до Водно и кратки тури, тие 200 евра доплата меѓу 6.0 и 7.0 можеш да ги инвестираш во поквалитетна опрема за возење, особено убав шорц со убава влошка.

Иначе, Ултегра како група на делови е трајна и квалитетна, направена да издржи преку 20 дена тркање со тркачко темпо далеку побрзо од темпото на еден рекреативец. Иако логиката вели дека полесни материјали = пократкотрајни материјали, тука тоа воошто не е прашање бидејќи огромни пари се вложуваат во research & development во овие групи.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #3638 на: 07 Јуни 2016, 16:12:10 pm »
Мој совет е да одиш на 6.0 моделот со 105 опрема, ако веќе си решил да дадеш толку пари.

Токму 6ката го сакав, со 105ка.  
Ама испорака најрано тек на крај на Август, а јас морам треба да одберам нешто што има на лагер. >:(

Така да изборот е 5ка или 7ца, односно Тиагра или Ултегра... Со 350 евра разлика.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #3639 на: 07 Јуни 2016, 19:22:39 pm »
Тиагра серија 4700 е уствари препакувана 105 серија 5700 (минатата серија) со излечени детски болести. Ако не ти смета тоа, супер е и тој избор, со тоа што добиваш полоши тркала. Ако ти текне да ги надградуваш дали целосната група или/и тркалата, да знаеш дека многу поскапо ќе те фати од 350 евра.

Изборот си го знаеш ти со твојот буџет и твоите идни планови. Во секој случај добар избор правиш. ;)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #3640 на: 07 Јуни 2016, 20:27:26 pm »
Чекај сега малку... Нели и тие Шимано тркала, и Мавик Аскиум Уан се ентри левел тркалата на двете компании?

Сакаш да кажеш дека Мавик тркалава се осетно поквалитетни?
Буџетот теоретски можам да го растегнам и на поскапиот бајк, ама не сум сигурен дали се исплати. Знаев дека тркалата се најслабата карика и кај двата точаци ама не мислев дека Мавикот се осетно подобри. Мислев, ако треба после да менувам тркала, барем поевтиниот бајк да го пазарам.

За Шимано тркалата од негативни работи, сум читал се жалат дека се тешки (инертни). Тоа ли е главната поплака, или имаат проблем со јачината, кривење на дупки, итн...?


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #3641 на: 07 Јуни 2016, 23:52:44 pm »
Сега ќе искористам малку екстремна компарација за да ти ја доловам поентата:

Шимано произведува главини за тркала. Постојат ентри левел главини од Шимано, кои чинат по 30 евра парче, а постојат и Дура-Ејс главини за тркала, кои чинат 250 евра парче.

Крис Кинг исто произведува главини. Прават ентри левел главина што чини 450 евра, а прават и хај енд главина што чини 850 евра.

Поентата ми е дека ентри левел на една компанија не смее да се поистоветува со ентри левел на друга компанија. Исто и Ристо не е исто. :)

ЕДИТ: По краток search, сфатив дека разликата во тежина не е воопшто драстична. Битната разлика кај тркалава е што Мавик се поцврсти (помал страничен флекс а поголем vertical compliance што значи подобра апсорпција на нерамнини) за разлика од Шиманото кои ги имаат спротивните особини.
« Последно менување: 08 Јуни 2016, 00:01:27 am MartinAlfista »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #3642 на: 08 Јуни 2016, 14:23:45 pm »
Не ми е лесна одлукава...  :)

Да можев да чекам до август/септември, лесно ќе беше. Ќе го земев моделот со шимано 105ка, И со Мавик тркалата... и тоа за само 50евра повеќе! (од Тиагра моделот) >:(

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4118
Одг: Велосипед
« Одговори #3643 на: 08 Јуни 2016, 20:20:28 pm »
Дечки, на што да се внимава при избор на детско седиште за на тачак?

Првото внимавање е за која возраст. За деца докај 2,5-3 години и тежина докај 13-14 кг гледај седиште со предна монтажа. Детето да ти е пред очи. Има многу причини за ова. Лесно може да заспие. Кацигата да падне и ременот да почне да го гуши. Топлотни удари во случај на долго изложување на сонце и останати слошувања.

За поголемо дете позади. Ќе си го смениш начинот на пентарење на точак. Приколките се најдобра варијанта ако ти дозволува инфраструктурата. Во Скопје е неупотребливо.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Велосипед
« Одговори #3644 на: 08 Јуни 2016, 20:41:29 pm »
Шајзе... Веќе земавме седиште за монтажа позади (багажник или рам)...
Ќерка ми е 13 месеци и има 9 и кусур кила. Најдовме шлемче и и' го купивме. Арно ама, сеа ме тури у мисла со муабетов :(

Приколките ќе бидат кога-тогаш, пошо тука барем, за сегде кај што можеш да идеш со кола, имаш алтернативен пат за со точак.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.