Мој совет е да одиш на 6.0 моделот со 105 опрема, ако веќе си решил да дадеш толку пари.
Зошто?
1. Ги добиваш тркалата од 7.0 моделот за помали пари.
2. 105 (5800 серијата) е извонредна група на делови, која работи идентично како Ultegra но е нешто ситно потешка и нормално поефтина.
3. Одржувањето на 105 е доста поефтино од одржувањето на Ultegra (фактор кој треба да го имаш во предвид, особено кога ќе дојде време за замена на предните запчаници). Касетата и ланецот се компатибилни, и 105ка може да работи со касета и ланец дури и од Dura-Ace ако се осеќаш доволно богат.
4. Бидејќи сакаш рекреативно за до Водно и кратки тури, тие 200 евра доплата меѓу 6.0 и 7.0 можеш да ги инвестираш во поквалитетна опрема за возење, особено убав шорц со убава влошка.
Иначе, Ултегра како група на делови е трајна и квалитетна, направена да издржи преку 20 дена тркање со тркачко темпо далеку побрзо од темпото на еден рекреативец. Иако логиката вели дека полесни материјали = пократкотрајни материјали, тука тоа воошто не е прашање бидејќи огромни пари се вложуваат во research & development во овие групи.