Алал вера,браво. Тешко беше многу или? Мапата кога ја гледав имаше искачување од 15-от км па до крај, ми се виде доста застрашувачки 
Турата е лесна ако не бркаш време - зошто сепак е од натпреварувачки карактер.

Мапата е таква, искачувањето не е до крај туку е додека не искочиш на рамниците кај Чавкарник, таму е рамничко. А и тоа искачување иако долго 15 километри, не е страшно бидејќи просечниот успон е само 3.3% на целата должина.
Јас тргнав со просечно темпо од старт до Леуново, и кога почнав да се искачувам сфатив дека можам да држам високо темпо по угорницата, па престигнав многу луѓе што тргнаа пред мене и на крај завршив 29ти од вкупно 105 натпреварувачи. Прилично задоволен сум од себе, особено со фактот што официјалното време на чип ми беше 2ч31мин, а Страва логот вика дека сум се движел 2ч25мин што значи дека на цел маратон имав само 6 минути одмор.
