Денеска бев исклучително пресреќен, што во најжешкиот период од денот, кога бев излезен со точак, вакво нешто си најдов во задната гума, после само 4 и ситно километри (а имав планирано барем 20ина да поминам):
Фанзиис. Среќа што еден пријател ме префрли со комбенце директ до точкар, па ја средивме гумата и пар други проблемчиња што ги имаше тачакот.
Да прашам, што користите како бекап за во случај на дупнување гума? Резервна внатрешна, кит за поправка или?
Еднаш ми се дупна на 15 километри од дома. Имав само клучеви и телефон во мене, + беше недела. Превод, за два и пол часа до дома. Брзо одење.
Втор пат ми се дупна на 10 километри од дома. Имав само клучеви и телефон. Превод, еден час и 45 минути до дома. Брзо одење.
Третиот пат, си купив 3-4 резрвни внатрешни, рема тип топ лепенки, и кевлар ленти против пукање во внатрешната гума. Сега засега не сум пешачел.

Немаш појма кое зен чувство е кога пешачиш, пцуеш, пешачиш, пцуеш, пешачиш, за после пола саат главата да ти е комплетно празна, и уживаш.