Лазе од Пробајк очи во живот не ти видел, влагаш во продавница, прашуваш за цена, ти вика "42000 ама за тебе еве 37000 ќе пуштиме". Он уствари по редовна цена ти го дава ама Лазе го сфатил македонскиот менталитет дека на македонец треба цена да му спуштиш за да го заинтересираш, и затоа растура со продажба.
Да си жив и здрав, баш така е! Јас од вучко го купив, првпат влагам и одма попуст од 24000 на 19000. Нема дури ни ценкање на точациве, директен е попустот.
Ништо посебно освен името не нудат искрено.
Абе види, за моиве потребни шо посебно треба да имаат? Мене ќе ми врши работа и далеку поефтин точак, ама ако веќе се купува бар да се земе подобар, пошто којзнае и дали ќе купам друг во иднина... Еве овој го заглеав сега на попуст е. Нема хидроулични дискови ама се Шимано
http://www.bikemarket.mk/index.php?route=product/product&product_id=57
Коментар?
Јас земав Ferrini со слична ако не е иста опрема и го земав за 19.000 пред две години. Почетната цена е прилично нереална, така да нема попуст. За 500 евра се купува Deore. Најубаво ти е да си прошеташ по дуќанчињава и да видиш што нудат на лице место. Помини и кај момакот спроти фонтана парк, таму имаше убави мериди.
П.С. Ако имаш могуќност, земи Deore мењачи, многу голема разлика има, а за дискови, ако можеш земи хидраулични, али и механичките се одлични.