Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1145783 пати)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Велосипед
« Одговори #3105 на: 21 Јуни 2015, 17:44:02 pm »
Најдобро е држач на кров! Ако успееш да позајмиш од некој супер, пошто се поскапи. А после за тука ке си земеш за на гепек држач и нема да имаш проблем за од тука до таму :D

Иди на Sporty Sale  групата на фејсбук продаваше некој thule кровни едно време.

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг: Велосипед
« Одговори #3106 на: 21 Јуни 2015, 18:00:52 pm »
Ваљда ќе е боље да зајмиш од некого, ако ти е за еднократна употреба :)
Немам баш од кого да позајмам, па затоа најверојатно би купил таму држач. Сигурно има поголем избор во Загреб а и нема да се мачам да го носам од тука.

Најдобро е држач на кров! Ако успееш да позајмиш од некој супер, пошто се поскапи. А после за тука ке си земеш за на гепек држач и нема да имаш проблем за од тука до таму :D

Иди на Sporty Sale  групата на фејсбук продаваше некој thule кровни едно време.
Немам кровни шини, затоа и не размислував за држач на кров. А и цената им е доста висока.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Велосипед
« Одговори #3107 на: 22 Јуни 2015, 10:10:18 am »
Еве на што да пазиш при купување и при инсталација на држач за на багажник:

Држачите обично имаат два каиши што се фиксираат на горниот дел, еден или два што се стегаат доле, а подобрите модели имаат и по еден каиш за од страна. Овие каиши што се фиксираат лево и десно доста придонесуваат за стабилноста на држачот и препорачувам ако веќе гледаш држач да земеш некој што истите ги има.
Пред монтажа прво ќе го наштелуваш држачот за твоето возило. Незнам на што кола планираш да го возиш ама заради тоа што сите се различни има неколку позиции држачот. Треба кога ќе легне на кола цевките каде што се ставаат точаци да се отприлика хоризонтални. После го закачуваш со каишите и добро го стегаш држачот на кола, после ова убаво расклати го и престегни го пак. Точакот на секоја допирна точка дали со држачот или со друг точак го изолираш со нешто (крпче стиропор) и го стегаш со еластични стеги или па ако имаш стари внатрешни гуми од точак со нив е најубаво.

Битно е точакот да го стегнеш не само на цевките каде ќе го ставиш туку и подоле за држачот за да не се клати и да се удира.

Битно е да пазиш кога ќе го монтираш точакот тркалата да бидат на барем 20тина сантиметри од земја за да не се вратиш со пола точак :)
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #3108 на: 22 Јуни 2015, 14:43:25 pm »
... и да пазиш тркалото да не е близу до издувната цевка на колата.
4800 е држач за точак да во Цикло Ас, вчера го гледав монтиран на кола и изгледаше одлично. Во БајкМаркет има за 3600, не знам квалитет. Поскапите се со слотови за точаци, и фиксирањето е олеснето.

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг: Велосипед
« Одговори #3109 на: 22 Јуни 2015, 23:15:39 pm »

Благодарам за објаснувањето, сега ми се појасни работите.
Дали има потреба да ставам крпа или нешто слично на допирните точки помеѓу држачот и автомобилот?

... и да пазиш тркалото да не е близу до издувната цевка на колата.
4800 е држач за точак да во Цикло Ас, вчера го гледав монтиран на кола и изгледаше одлично. Во БајкМаркет има за 3600, не знам квалитет. Поскапите се со слотови за точаци, и фиксирањето е олеснето.
Не очекував толку високи цени, посебно ако не се држачи од поголемите брендови. Во Хрватска гледав Thule држач за 3/5 врата на акција по цена од 80 евра.
Инаку, на сликата од претходната страна, каков држач користите и која му е цената? Колкава километража поминавте и како си задоволен?

Исто така, ме интересира која е максималната брзина која може да се развие со ваков тип на држач, притоа без да се загрози безбедноста?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #3110 на: 23 Јуни 2015, 01:56:39 am »
...
Благодарам за објаснувањето, сега ми се појасни работите.
Дали има потреба да ставам крпа или нешто слично на допирните точки помеѓу држачот и автомобилот?

...
Не очекував толку високи цени, посебно ако не се држачи од поголемите брендови. Во Хрватска гледав Thule држач за 3/5 врата на акција по цена од 80 евра.
Инаку, на сликата од претходната страна, каков држач користите и која му е цената? Колкава километража поминавте и како си задоволен?

Исто така, ме интересира која е максималната брзина која може да се развие со ваков тип на држач, притоа без да се загрози безбедноста?

За тоа што си го цитирал Томе: крпа само по желба и тоа стриктно на точките каде што се прицрврстува велосипедот за да не се клати лево десно. Зависи од дизајнот на велосипедот воглавно. Ако треба тркалата да се прицврстуваат, немаш потреба од крпи, гумата сама си се штити :)

Купувај го држачот што си го гледал на акција што можеш побрзо. Тука ќе го продадеш најмалку за истата цена.
На сликата е држач од Веро Џамбо и чини 1299 денари. Искрено, за 1 велосипед е одличен и сосема пристојно си ја брка работата (ако, и само ако долниот дел од држачот стои потпрен на браник). Во тој случај возам безгрижно и не се плашам воопшто дека некаде ќе пушти.
Ако станува збор за два точаци, не би го препорачал. Кога сум приморан да превезувам два, обавезно, без исклучок вадам тркала, седишта и други делови кои лесно се демонтираат/монтираат од точаците. Дури и тогаш драстично намалувам брзина на возење.
Кога договарав купување држач со татко ми, ова беше единствена опција што му влегуваше во опција нему. Да е до мене, веднаш би земал некој со неколкукратно поголема цена.
Брзина со која возам кога е закачен еден велосипед е 120 км/ч, над тоа не сум пробал бидејќи не ни љубам да возам побрзо од 120.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4118
Одг: Велосипед
« Одговори #3111 на: 23 Јуни 2015, 07:44:18 am »
Јас барав ваков во Џамбо ама ги нема веќе. Мене ми треба за детски точаци за до парк. 3500 некако многу ми е за та намена.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44961
  • Il Moderatore
Одг: Велосипед
« Одговори #3112 на: 23 Јуни 2015, 08:06:22 am »
Е па од „џамбо“ сите ги купил „вучко“ и ги шитка за 3500 :D
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4118
Одг: Велосипед
« Одговори #3113 на: 23 Јуни 2015, 12:07:29 pm »
Сигурно е тоа во игра. Сега да натерам некој во Грција во Џамбо да сврати.

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг: Велосипед
« Одговори #3114 на: 23 Јуни 2015, 13:42:54 pm »
Купувај го држачот што си го гледал на акција што можеш побрзо. Тука ќе го продадеш најмалку за истата цена.
На сликата е држач од Веро Џамбо и чини 1299 денари. Искрено, за 1 велосипед е одличен и сосема пристојно си ја брка работата (ако, и само ако долниот дел од држачот стои потпрен на браник). Во тој случај возам безгрижно и не се плашам воопшто дека некаде ќе пушти.
Ако станува збор за два точаци, не би го препорачал. Кога сум приморан да превезувам два, обавезно, без исклучок вадам тркала, седишта и други делови кои лесно се демонтираат/монтираат од точаците. Дури и тогаш драстично намалувам брзина на возење.
Кога договарав купување држач со татко ми, ова беше единствена опција што му влегуваше во опција нему. Да е до мене, веднаш би земал некој со неколкукратно поголема цена.
Брзина со која возам кога е закачен еден велосипед е 120 км/ч, над тоа не сум пробал бидејќи не ни љубам да возам побрзо од 120.
Ќе пробам да комуницирам преку мејл со продавницата во Хрватска, да знам дали го имаат држачот на лагер, кој инаку одговара на мојот автомобил.
И јас ќе превезувам само еден велосипед, така да не е многу страшно.

Е сега, што се однесува до велосипедот, веќе неколку дена комуницирам со луѓето од продавницата во Загреб. Им останал уште еден примерок со големина на рамот од 17" кој би требало да ми одговара а и цената е спуштена (околу 30% за модел од 2015 година) плус и го враќаат ДДВ-то на граница. Ако ми било судено ќе се вратам со него при крајот на јули, ако не здравје.

Да ја разоткриеме мистеријата, се работи за Kona Unit 2015.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Велосипед
« Одговори #3115 на: 23 Јуни 2015, 13:58:43 pm »
Тие од џамбо ги товараме со по 3-4 точаци и ништо не им е. Иначе никаков проблем немаат со брзина, ако е добро наместен. Јас накај мариово возев 130-140 со 3 точаци на најлош држач и ништо не им е. Не се секирај толку, што точак планираш да купиш кажи само.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Dimitar

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 445
Одг: Велосипед
« Одговори #3116 на: 23 Јуни 2015, 14:04:25 pm »
каде има Thule во Солун.Знае ли некој??

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
Одг: Велосипед
« Одговори #3117 на: 23 Јуни 2015, 14:09:36 pm »
Тие од џамбо ги товараме со по 3-4 точаци и ништо не им е. Иначе никаков проблем немаат со брзина, ако е добро наместен. Јас накај мариово возев 130-140 со 3 точаци на најлош држач и ништо не им е. Не се секирај толку, што точак планираш да купиш кажи само.
Благодарам за охрабрувањето. Највеќе ме загрижуваше должината на релацијата, ама откако споделивте искуства, сфатив дека не е толку страшно.

Се работи за Kona Unit 2015.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Велосипед
« Одговори #3118 на: 23 Јуни 2015, 14:54:53 pm »
Товари го и пичи, немаш гајле :)
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18030
Одг: Велосипед
« Одговори #3119 на: 23 Јуни 2015, 21:04:02 pm »
Тие од џамбо ги товараме со по 3-4 точаци и ништо не им е. Иначе никаков проблем немаат со брзина, ако е добро наместен. Јас накај мариово возев 130-140 со 3 точаци на најлош држач и ништо не им е. Не се секирај толку, што точак планираш да купиш кажи само.

Мене ми клапнува од тежината на точаците и долните два каиши се отпуштаат. Кажи го лекот :)