...
Благодарам за објаснувањето, сега ми се појасни работите.
Дали има потреба да ставам крпа или нешто слично на допирните точки помеѓу држачот и автомобилот?
...
Не очекував толку високи цени, посебно ако не се држачи од поголемите брендови. Во Хрватска гледав Thule држач за 3/5 врата на акција по цена од 80 евра.
Инаку, на сликата од претходната страна, каков држач користите и која му е цената? Колкава километража поминавте и како си задоволен?
Исто така, ме интересира која е максималната брзина која може да се развие со ваков тип на држач, притоа без да се загрози безбедноста?
За тоа што си го цитирал Томе: крпа само по желба и тоа стриктно на точките каде што се прицрврстува велосипедот за да не се клати лево десно. Зависи од дизајнот на велосипедот воглавно. Ако треба тркалата да се прицврстуваат, немаш потреба од крпи, гумата сама си се штити

Купувај го држачот што си го гледал на акција што можеш побрзо. Тука ќе го продадеш најмалку за истата цена.
На сликата е држач од Веро Џамбо и чини 1299 денари. Искрено, за 1 велосипед е одличен и сосема пристојно си ја брка работата (ако, и само ако долниот дел од држачот стои потпрен на браник). Во тој случај возам безгрижно и не се плашам воопшто дека некаде ќе пушти.
Ако станува збор за два точаци, не би го препорачал. Кога сум приморан да превезувам два, обавезно, без исклучок вадам тркала, седишта и други делови кои лесно се демонтираат/монтираат од точаците. Дури и тогаш драстично намалувам брзина на возење.
Кога договарав купување држач со татко ми, ова беше единствена опција што му влегуваше во опција нему. Да е до мене, веднаш би земал некој со неколкукратно поголема цена.
Брзина со која возам кога е закачен еден велосипед е 120 км/ч, над тоа не сум пробал бидејќи не ни љубам да возам побрзо од 120.