Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1016041 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Велосипед
« Одговори #3030 на: 09 Јуни 2015, 14:04:21 pm »
Фор д лав оф год немој. Немој. Не дозволувај етаблираните естетски сељачки мисконцепции да ти го поматат умот. Не ги слушај „сите“ што ти зборуваат. Не се слушај ни себе. Топ се димензиите и обликот на рачките, ако ги смениш ќе ги направиш помалку добри.

Да ставиш закривени рачки на оваа убавица е исто ко да си ставил "turbo" налепница ја југо. Исто ко да ставиш спојлер на стокец. Исто ко да ставиш „М“ налепница на обична 316-ка. Глупо, селски, непотребно и не додава туку одзема.

Немој, слушаш? Ако ја упропастиш убавицава со криви рачки ќе ти се скарам. Зарем не се доволно закривени овие??? Нели е ИДЕАЛНА постоечкава димензија на рачка? Ај убаво размисли! Па ти си господин човек бе, пизда му матер, не си 22 годишен бубуљичав дркаџија?!? Не си ниту некое старо магаре кое застанало со емотивниот развој у втора година средно? Немој Филип.

Мммм... Од каде да почнеме? Ајде, да речеме, од тука:

http://rationalwiki.org/wiki/Argument_from_analogy

Обрни внимание на зборот "various" во првата реченица.

Откако ова ќе го соџвакаш, наврати се на "dh" дискусијата во која (се надевам) е објаснето зошто предмет на несогласување можат да бидат само афирмативни пропозиции, но не и прашања како моиве од погоре, освен кога истите се реторски - а мовие погоре не се.

--

Сеа шала на страна, да не се заебааме. Озбилен муабет.


По знаци го возиш?

Аааа чим е озбилно, да ти одговорам: не. А не сум ни врзан.  :o

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9226
Одг: Велосипед
« Одговори #3031 на: 09 Јуни 2015, 14:05:12 pm »
абсолутно се согласувам со се напишано погоре од zero

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Велосипед
« Одговори #3032 на: 09 Јуни 2015, 14:07:31 pm »
Апсолутно се пишува со „п“ заради едначењето по звучност.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Велосипед
« Одговори #3034 на: 09 Јуни 2015, 14:13:59 pm »
Да не го цитирам постот на Зеро, али стварно убаво, јасно и недвосмислено ти одговори :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Велосипед
« Одговори #3035 на: 09 Јуни 2015, 14:14:09 pm »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30074
    • CARclub.mk
Одг: Велосипед
« Одговори #3036 на: 09 Јуни 2015, 14:17:03 pm »
Тотално те разбрав, и го добив баш одговорот што го очекував, на начинот на кој го очекував.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Велосипед
« Одговори #3037 на: 09 Јуни 2015, 14:29:41 pm »
Со ставање на закривени рачки на хибрид ќе допринесеш за намалување на стабилноста при возење (динамичка стабилност по твое), промена на центарот на тежиштето кон назад со што директно ќе влијаеш врз зголемување на товарот кој што ќе го трпи задното тркало како и целиот заден триаголник. Од ваквиот дисбаланс ќе дојде до неколку работи, она што најмногу треба да те загрижи е намалувањето на животниот век на сите подвижни делови почнувајќи од лагерите, шољиците а понатаму пренесувајќи се и на интегритетот, цврстината и стабилноста на целото тркало како систем составен од повеќе делови (главина, шпици, обрач) како и на поединечните делови. Понатаму ќе дојде до намалување на тракцијата на предното тркало со што ќе придонесеш кон неколкукратно намалување на моќта на кочење како и промена на балансот на кочење кој што на велосипед е од особено значење. Ќе дојде до поголемо оптеретување на задната кочница за сметка на предната кочница која ќе ја изгуби својата ефикасност поради промената на балансот. Понатаму менувањето на воланот ќе значи и промена на точката на начинот на управување, односно ќе настане проблем со стабилноста при контролирање на велосипедот што може да доведе до сериозно загрозување на безбедноста при управување со истиот од причина што геометријата на точакот не е предвидена за волан кај кој рачките доаѓаат во иста линија или позади линијата на спојување на стемот(делот од вилушката до воланот што оди) и вилушката. Јас во никој случај не би ти препорачал да ставиш волку свиткан волан туку би ти предложил да отидеш кај специјализиран „точкаџија“ кој ќе ти помогне правилно да се „наместиш“ односно правилно да го подеси (висина на седиште, позиција на истото, агол на седиштето, висина на стем, висина на волан, агол на контролите и тн.) после ова нема да имаш проблеми.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Велосипед
« Одговори #3038 на: 09 Јуни 2015, 14:43:34 pm »
Со други зборови, тоа што рече Класниот.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Велосипед
« Одговори #3039 на: 09 Јуни 2015, 14:54:44 pm »
Со ставање на закривени рачки на хибрид ќе допринесеш за намалување на стабилноста при возење (динамичка стабилност по твое), промена на центарот на тежиштето кон назад со што директно ќе влијаеш врз зголемување на товарот кој што ќе го трпи задното тркало како и целиот заден триаголник. Од ваквиот дисбаланс ќе дојде до неколку работи, она што најмногу треба да те загрижи е намалувањето на животниот век на сите подвижни делови почнувајќи од лагерите, шољиците а понатаму пренесувајќи се и на интегритетот, цврстината и стабилноста на целото тркало како систем составен од повеќе делови (главина, шпици, обрач) како и на поединечните делови. Понатаму ќе дојде до намалување на тракцијата на предното тркало со што ќе придонесеш кон неколкукратно намалување на моќта на кочење како и промена на балансот на кочење кој што на велосипед е од особено значење. Ќе дојде до поголемо оптеретување на задната кочница за сметка на предната кочница која ќе ја изгуби својата ефикасност поради промената на балансот. Понатаму менувањето на воланот ќе значи и промена на точката на начинот на управување, односно ќе настане проблем со стабилноста при контролирање на велосипедот што може да доведе до сериозно загрозување на безбедноста при управување со истиот од причина што геометријата на точакот не е предвидена за волан кај кој рачките доаѓаат во иста линија или позади линијата на спојување на стемот(делот од вилушката до воланот што оди) и вилушката.

Дали за ова може да се компензира со „издавање“ на рачките неколку сантиметри нанапред со продолжен централен хоризонтален дел (ебем му матер како ли се вика) со што рацете - а со тоа и балансот - би дошле на иста позиција како порано? Мене не ми пречи позицијата на рацете во смисла напред-назад, туку аголот под кој ги држам рачките.

Веројатно ме дупиш малце со некои точки од твоето писание, но - за секој случај - да прашам: како задната осовина ќе „знае“ дали е тежиштето поместено наназад, или просто одозгора седнал некој потежок велосипедист?

Предната кочница речиси и да не ја користам - точакот обично го возам на хоризонтални патеки со мали брзини: до продавниче и назад.

Јас во никој случај не би ти препорачал да ставиш волку свиткан волан туку би ти предложил да отидеш кај специјализиран „точкаџија“ кој ќе ти помогне правилно да се „наместиш“ односно правилно да го подеси (висина на седиште, позиција на истото, агол на седиштето, висина на стем, висина на волан, агол на контролите и тн.) после ова нема да имаш проблеми.

Висината на седиштето ми е ваљда добро подесена (во долната нулта точка ногата ми е скроз пружена надоле + некој сантиметар на тоа).

Како се мести „позиција на седиште“? Што има тука да се менува освен висината?

Што е стем?

Тенќу.

ЕДИТ сега видов си објаснил што е „стем“.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
Одг: Велосипед
« Одговори #3040 на: 09 Јуни 2015, 14:54:51 pm »
Можеш да пробаш со некоја варијатна на подигање (http://www.bikestop.com.mk/components.php?lang=2&mb=22&sf=Handlebars&id=282#/0) но претежено менувањето на стем агол и висина треба да се сведе на одмерување на вистинската положба со возењето. Она што сакаш ти да го изведеш се изведува со менување на типот на велосипед. Продај го овој земи си City Cruiser (http://www.bikestop.com.mk/bikes.php?lang=2&mb=20&sf=City&id=447#/0)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Велосипед
« Одговори #3041 на: 09 Јуни 2015, 18:22:07 pm »
Те зезам малце де, немаш гајле ако мислиш дека ќе ти бидат подобри (а нема) оди во БајкМаркет (спроти фонтана во парк) и кажи им ја желбата ќе ти го направат.

Иначе седиштето се мрда горе-доле, напред-назад и плус аголот му се мести. Стварно малце ќе изгубиш стабилност со такви рачки не се зезам и обавезно користи ја предната кочница 70предна 30задна глупаво е само со задна да кочиш.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Велосипед
« Одговори #3042 на: 09 Јуни 2015, 18:25:17 pm »
Најголема грешка ти е целосно истегната нога! Коленото треба да има агол од 155 степени, или 25 степени помалку од рамен агол. Тоа овозможува БЛИЗУ кружно движење на ногата при педалање, и највише страдаат колена како и перинеумот затоа што со целосно истегната нога (и нешто плус) му ставаш ОГРОМЕН притисок.

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
Одг: Велосипед
« Одговори #3043 на: 09 Јуни 2015, 18:43:50 pm »
Те зезам малце де, немаш гајле ако мислиш дека ќе ти бидат подобри (а нема) оди во БајкМаркет (спроти фонтана во парк) и кажи им ја желбата ќе ти го направат.

Јави им се во Бајкмаркет да ми дадат попуст, не можам да ги соберам сите пари за нов точак ;D :D   :'( :'( :'( :'( 

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Велосипед
« Одговори #3044 на: 09 Јуни 2015, 18:51:18 pm »
Оф леле, шитни еден шлепер!
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“