Со ставање на закривени рачки на хибрид ќе допринесеш за намалување на стабилноста при возење (динамичка стабилност по твое), промена на центарот на тежиштето кон назад со што директно ќе влијаеш врз зголемување на товарот кој што ќе го трпи задното тркало како и целиот заден триаголник. Од ваквиот дисбаланс ќе дојде до неколку работи, она што најмногу треба да те загрижи е намалувањето на животниот век на сите подвижни делови почнувајќи од лагерите, шољиците а понатаму пренесувајќи се и на интегритетот, цврстината и стабилноста на целото тркало како систем составен од повеќе делови (главина, шпици, обрач) како и на поединечните делови. Понатаму ќе дојде до намалување на тракцијата на предното тркало со што ќе придонесеш кон неколкукратно намалување на моќта на кочење како и промена на балансот на кочење кој што на велосипед е од особено значење. Ќе дојде до поголемо оптеретување на задната кочница за сметка на предната кочница која ќе ја изгуби својата ефикасност поради промената на балансот. Понатаму менувањето на воланот ќе значи и промена на точката на начинот на управување, односно ќе настане проблем со стабилноста при контролирање на велосипедот што може да доведе до сериозно загрозување на безбедноста при управување со истиот од причина што геометријата на точакот не е предвидена за волан кај кој рачките доаѓаат во иста линија или позади линијата на спојување на стемот(делот од вилушката до воланот што оди) и вилушката. Јас во никој случај не би ти препорачал да ставиш волку свиткан волан туку би ти предложил да отидеш кај специјализиран „точкаџија“ кој ќе ти помогне правилно да се „наместиш“ односно правилно да го подеси (висина на седиште, позиција на истото, агол на седиштето, висина на стем, висина на волан, агол на контролите и тн.) после ова нема да имаш проблеми.