Нека кажат точкаџииве што мислат за Макс...

А тебе ако те интересира категорија на евтини точаци за низ град, батали такви ѓубриња и погледај нешто од основните модели на српските Полар и Кампањоло, или бугарските Рам. Или уште подобро, начекај некој евтин половен точак (сеедно дали од спомнавиве, или нешто друго) и однеси го на точкар да го преправи во сингл-спид, со квалитетен ланец и пар ѕвезди со димензии како што ти одговара за низ град (полесно или потешко да вртиш). Ионака поголемиот дел од луѓево, за низ град си местат една брзина и забораваат дека можат да ги менуваат...

Ќе му се изнавозиш за сите пари.