За случајот на Спенс, му објаснив на фејсбук зошто САМО овој точак е добар да се земе иако има механички кочници. Причината е што кочниците се Shimano бренд. Квалитетно изработени, и НАЈБИТНО, може да се најдат пакни кога ќе се истрошат постоечките.
Во врска со друмските велосипеди и нивното немање дискови, тоа е проблем со застарената регулатива на светската велосипедска федерација. Диск кочници беа забранети во професионалниот друмски велосипедизам до пред само неколку месеци. Од сезоната 2016-2017 ќе може да се возат и велосипеди со диск кочници. Иначе такви велосипеди се нудат на пазар веќе две години.
А за помодарство или не, иако кочница со сајла е многу поедноставна за одржување, благе везе си нема во споредба со хидраулична диск кочница.