Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 897704 пати)

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16710
  • Keep it 100
Одг: Велосипед
« Одговори #2745 на: 04 Февруари 2015, 15:31:12 pm »
Dutch army during World War II

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5283
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #2746 на: 04 Февруари 2015, 15:35:28 pm »
Јас мислам дека е повеќе до менталитет, отколку до нешто друго.

Мислам дека менталитетот е повеќе изговор, отколку реален фактор во безбедноста на сообраќајот. Ете гледаш и сам, овде луѓево се гледаат или исклучиво како немоторизирани или исклучиво како моторизирани (учесници во сообраќајот).
Убаво и свесно кажуваш дека на сите им фали свест ама погледај што болдирал дечково три поста погоре кога те цитирал. Но овде на луѓето им се може да филозофираат што од законите селективно треба да се почитува а што не треба... затоа што ја нема полицијата да ја обавува својата пред се едукативна должност (тие работат само кога треба да исполнат квота а тогаш уште полошо, и „измислуваат„ прекршоци).

Вистина е дека низ светов има разни примери. Редот во Германија наспроти нередот на други места... И сето тоа го разбирам само примери за комбинација од менталитет + функционирање на сообраќајните закони.
Што ќе се случи ако во Германија редовно не ги почитуваш законите? Да де, реторичко е прашањето пошто само сакав да покажам дека освен менталитетот и законите се и тоа како важни. Дали Финците се фини зошто таков им е менталитетот, или затоа што строго се спроведуваат законите... Сеедно, се додека има ред и безбедност.

Јас можам да посочам примери со позанати и со колеги... кои овде се тешки сељачишта, фрлаат ѓубре и отпушоци каде стигнат, возат небезбедно и преминуваат улици каде стигнат. Но кога ќе отидеме на некој пат во странство наеднаш стануваат многу културни и фини почитувачи на тамошните закони и регулации.
Се некако мислам дека менталитетот НЕ им се менува, туку дека станува збор за последиците по џебот.


Токму заради менталитетот овде е потребно поригорозно спроведување на законите. За во урбаните средини овде, најдобро решение е автоматизиран систем за регистирање прекршоци (и заради корупцијата и забушавањето на полицијата). Со надминати 10+ км, автоматски по пошта казна да доаѓа. Таква честитка доби еден пријател доби во Швајцарија, иако случајот беше „морално оправдан„ (во болница одевме).

Затоа ништо не значи ако во еден Њујорк или Бостон се лабави, поповод почитувањето на сообраќајните правила. Ние како општество треба да одлучиме дали сакаме да се огледаме на Германците... или на овие:

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Одг: Велосипед
« Одговори #2747 на: 04 Февруари 2015, 16:22:27 pm »
Кога во Македонија и автомобилистите, и велосипедистите, и пешаците ќе разберат дека сите се дел од сообраќајот, и сакале или нејќеле, треба да си го делат просторот и одговорноста рамномерно, тогаш ќе има некаков ред.

Јас не можам да разберам како миљон и пол народ не е во состојба сам да си стави некаков ред. Некаков ред....  :-\ :-\ :-\ :-\

You hit the nail on the head there, friend.

Мене сериозно почнува да ми смета што автомобилите и луѓето што ги возат стануваат дежурни кривци. Во секоја ситуација кога ќе се случи несреќа кога е инволвирана кола, секогаш колата (и возачот) се по дифолт криви. „Брзо возел“, „летал“, итн.. Тоа се работите што ги слушаш во муабети на таа тема. Никогаш не се спомнува дека можеби пешакот или велосипедистот направил нешто погрешно. Тоа едноставно не е можно. Колите се по дифолт криви.

Пред некој ден удрија човек кај мене во Влае на раскрсницата, имаше по весници. Сите весници пишуваат за тоа дека го удриле човекот, ама никој не спомна дека од 7:30 сабајлето, па сè до околу 15:00 не работеше семафорот, дека човекот проаѓаше раскрсница на место каде нема обележан пешачки и дека на само 15 метри од местото каде што проаѓал има пешачки мост со ескалатори.

Ама битно, брзо возел.. Да, можеби возел брзо, ама неубавата ситуација можела да се избегне.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Велосипед
« Одговори #2748 на: 04 Февруари 2015, 16:29:10 pm »
Кога ќе чуеш/прочиташ дека негде погинале млади деца у сообраќајка, сакал-нејќел прво што ти текнува е дека биле пијани.
Кога ќе чуеш/прочиташ дека негде се слупал моторџија, сакал-нејќел прво што ти текнува е дека возел пребрзо.
Кога ќе чуеш/прочиташ дека негде камион напраил беља, сакал-нејќел прво што ти текнува е дека заспал возачот.

Вакви примери колку сакаш, па баш затоа прво нешто што се дознава е предрасудата во врска со некоја дадена ситуација.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16710
  • Keep it 100
Одг: Велосипед
« Одговори #2749 на: 04 Февруари 2015, 16:41:37 pm »

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6602
Одг: Велосипед
« Одговори #2750 на: 04 Февруари 2015, 18:14:19 pm »
Тргам од себе, каде мајка ми ја барам да тргнам ако иде кола? Има 0.1% шанса да не ме види колата да ме спружи на земја и да загинам млад. Има 0.1% шанса дамла да е возачот и да загинам млад. Има 0.1% шанса да вози 200кмч и да не предвидам дека неможе да застане. Има 0.1 шанса да не му работи некоја кочница да се изврти и да ме спружи. Има 0.1% шанса да има скршена спирала да се изврти и да ме спружи, има 0.1% шанса да има 155ки излижани и да ме спружи, има 0.1% да имал инфаркт возачот. Само од овие примери ете го 1% шанса за смрт. Таа ја презема секој пешак со стапнување на пешачки. Или математика ако заигра, на 100 поминувања на пешачки кога иде возило - умираш. Просто е. Ако сакаш да загинеш, тоа е одличен начин да си го одземеш животот.

Зарем има таков што вози со скршена спирала и излижани гуми ? Па тој треба да се убие, ______________, ______________, ______________ и на крај _____________.

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2071
Одг: Велосипед
« Одговори #2751 на: 04 Февруари 2015, 19:37:18 pm »
Така е Фило ! Во право си.

А а што со оние што возат 200км/ч со троклипно поло ? :)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7372
Одг: Велосипед
« Одговори #2752 на: 04 Февруари 2015, 22:55:57 pm »
на 100 поминувања на пешачки кога иде возило - умираш. Просто е

А ако не помнувам на пешачки ? ;D :D нема да умрам ? :D

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Велосипед
« Одговори #2753 на: 04 Февруари 2015, 23:26:35 pm »
Ќе умреш секако чедо, само ако те опне некој убаво залетан немора кофчег да купуваат, во неколку кутии од ресана ќе те спакуваме. Затоа гледај лево десно.
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16710
  • Keep it 100
Одг: Велосипед
« Одговори #2754 на: 07 Февруари 2015, 15:54:15 pm »


Отсутен koce1102

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1488
Одг: Велосипед
« Одговори #2755 на: 09 Февруари 2015, 14:54:11 pm »

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Велосипед
« Одговори #2756 на: 09 Февруари 2015, 15:30:17 pm »
Зависи каде ќе возиш и колку очекуваш од велосипедот. Ако возиш по асфалт и полесни off-road патеки, мислам дека ќе бидеш задоволен.

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6376
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Велосипед
« Одговори #2757 на: 10 Февруари 2015, 10:57:01 am »
Можи и на потешки, уствари сегде можиш, само пази на скокови од по неколку метра. х)

Првиот линк го нема, го избришаа тој точак, ама вториот стои и си вреди за парите.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16710
  • Keep it 100
Одг: Велосипед
« Одговори #2758 на: 13 Февруари 2015, 13:14:35 pm »

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Велосипед
« Одговори #2759 на: 13 Февруари 2015, 13:16:00 pm »
Heil Fahrrad!
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.