Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 897652 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6375
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Велосипед
« Одговори #2715 на: 03 Февруари 2015, 13:42:25 pm »
Ќе си седниш ќе видиш која големина ти е најудобно.
Јас со 182цм возам 16“ (S). хD

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Велосипед
« Одговори #2716 на: 03 Февруари 2015, 14:20:14 pm »
L најверојатно тоа е мислам 21" ако не се лажам. Имаат сигурно. Пошто тоа е најстандардната величина :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17452
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Велосипед
« Одговори #2717 на: 03 Февруари 2015, 15:13:03 pm »
L најверојатно тоа е мислам 21" ако не се лажам. Имаат сигурно. Пошто тоа е најстандардната величина :)

По мое:

S = 15" > 17"
M = 17.5" > 19.5"
L = 20" > 22"
XL = 22.5" па натаму.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8872
Одг: Велосипед
« Одговори #2718 на: 03 Февруари 2015, 16:10:28 pm »
повекето производители си имаат разлики во големиниве,

на пример јас имам CUBE 18" кој во нивната класификација влегува во L, така да се пробува ова она и така бројките не значат секогаш

Отсутен Shuriken

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Велосипед
« Одговори #2719 на: 03 Февруари 2015, 17:50:42 pm »
Планиран буџет до кај 22к денари :)
И јас бев во слична ситуација пред некој месец. За нешто помалку од 22 илјади денари (со попуст), земав Polar Avalanche 27.5" http://www.bikemarket.mk/index.php?route=product/product&path=59&product_id=57
За тие пари можеш да купиш и некој премиум бренд на велосипед ама со опрема од најниска класа.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Велосипед
« Одговори #2720 на: 04 Февруари 2015, 10:05:45 am »
Лондон точак ти ќе бидеш

Цитат
Со голема поддршка од градоначалникот, Борис Џонсон, градските власти го прифатија предлогот за велосипедски автопат со должина од 29 километри, што ќе минува низ цел Лондон.

http://off.net.mk/zhivot-i-zabava/urban/london-tochak-ti-kje-bidesh

Глуперди, појма немаат. Зашто, оооо зошто не побараат совети од локалните експерти?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Одг: Велосипед
« Одговори #2721 на: 04 Февруари 2015, 10:50:48 am »
1. Дали велосипедистите ќе бидат испратени на соодветна обука за црвено/зелено?
2. Дали велосипедистите ќе бидат казнувани за возење на лента наменета за автомобили ако постои соодветна лента за велосипедисти, исто како што возачите ќе бидат казнувани ако случајно (и моронски) влетаат во лентата за велосипедисти?
3. Дали „ја сум побрз од другите, не можам да се влечам“ мороните на точак ќе бидат казнувани ако ја напуштат лентата за велосипедисти?

Ова се важни работи.

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Велосипед
« Одговори #2722 на: 04 Февруари 2015, 10:59:38 am »
Ова за кај нас прашуваш или за во Лондон?
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Велосипед
« Одговори #2723 на: 04 Февруари 2015, 11:02:20 am »

1. Ќе им биде испратено на меил или смс порака: „црвено значи стој, зелено значи вози“.
2. Треба да бидат. Кај нас се казнуваат.
3. Секако, види точка 2.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Велосипед
« Одговори #2724 на: 04 Февруари 2015, 11:03:55 am »
Ако не идат у истата школа за возење, сообраќајна (и општа) култура и етика каде што одат возачите на Ауди, онда нема да имаат гајле.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Одг: Велосипед
« Одговори #2725 на: 04 Февруари 2015, 11:08:31 am »
Ова за кај нас прашуваш или за во Лондон?

За во Лондон, eventually и кај нас.

1. Ќе им биде испратено на меил или смс порака: „црвено значи стој, зелено значи вози“.
2. Треба да бидат. Кај нас се казнуваат.
3. Секако, види точка 2.

Кај нас не се казнува ако се вози на коловозна лента - нели 1 метар од тротоарот е дозволено. I'm fine with that. Ама ако веќе има велосипедска патека, треба да е 100% забрането (и контролирано со снајпер) возењето на коловозна лента.

Ако не идат у истата школа за возење, сообраќајна (и општа) култура и етика каде што одат возачите на Ауди, онда нема да имаат гајле.

Missing the point. Јас само потенцирам работи на кои што треба да се внимава за и едните и другите да бидат среќни и безбедни. Особено да бидат безбедни тие што немаат метален оклоп околу нив, а што никогаш за ништо не се криви, душички напатени.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5011
  • The Spartan General
Одг: Велосипед
« Одговори #2726 на: 04 Февруари 2015, 11:09:19 am »
1. Дали велосипедистите ќе бидат испратени на соодветна обука за црвено/зелено?
2. Дали велосипедистите ќе бидат казнувани за возење на лента наменета за автомобили ако постои соодветна лента за велосипедисти, исто како што возачите ќе бидат казнувани ако случајно (и моронски) влетаат во лентата за велосипедисти?
3. Дали „ја сум побрз од другите, не можам да се влечам“ мороните на точак ќе бидат казнувани ако ја напуштат лентата за велосипедисти?

Ова се важни работи.
Моето искуство во Германија/Холандија.

1. Велосипедистите подлежат на правилата и сигнализацијата. Ако има црвено на семафор, без разлика дали си на велосипед, пеш, или автомобил, запираш. Точка. Ако не, казна. Инаку и тука има паметњаковичи што пробуваат да минат на црвено. Еднаш бев сведок кога летна еден преку хауба заради минување на црвено со велосипед. Језиво.
2. Да, ако има патека и не возиш по неа, има казна. Јас сум 2 пати сопиран од полиција и предупредуван за такво нешто. За среќа не ми пишаа казна, ме предупредија. Исто, за возење велосипед по тротоар. Забрането е, освен ако не е дозволено со знак.
3. Даваш звучен сигнал кога престигаш (или ако немаш ѕвонец, си извикуваш културно дека престигаш). Ако има лента за велосипеди (во 90% од случаите има), возиш по неа. Ако не, ќе те предупреди полицијата културно дека треба да возиш по неа. Ако се правиш паметен, ќе те запрат и најверојатно казна.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Велосипед
« Одговори #2727 на: 04 Февруари 2015, 11:12:40 am »

Кај нас не се казнува ако се вози на коловозна лента - нели 1 метар од тротоарот е дозволено. I'm fine with that. Ама ако веќе има велосипедска патека, треба да е 100% забрането (и контролирано со снајпер) возењето на коловозна лента.

А ако постоечката велосипедска патека е елоквентно узурпирана (како што е во преку 230945203496823856% од случаите кај нас), тогаш кој ќе го јаде снајперот? Или тоа не е битно, те боли к*р...

Ако не идат у истата школа за возење, сообраќајна (и општа) култура и етика каде што одат возачите на Ауди, онда нема да имаат гајле.

Missing the point. Јас само потенцирам работи на кои што треба да се внимава за и едните и другите да бидат среќни и безбедни. Особено да бидат безбедни тие што немаат метален оклоп околу нив, а што никогаш за ништо не се криви, душички напатени.

Знам која ти е поентата, и знам кој ти е ставот према точкарите кај нас, така да, нема потреба од многу драматизирање. Тоа е тоа, „душички напатени“ vs „богови во метален оклоп“.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29608
    • CARclub.mk
Одг: Велосипед
« Одговори #2728 на: 04 Февруари 2015, 11:17:06 am »
1. Дали велосипедистите ќе бидат испратени на соодветна обука за црвено/зелено?
2. Дали велосипедистите ќе бидат казнувани за возење на лента наменета за автомобили ако постои соодветна лента за велосипедисти, исто како што возачите ќе бидат казнувани ако случајно (и моронски) влетаат во лентата за велосипедисти?
3. Дали „ја сум побрз од другите, не можам да се влечам“ мороните на точак ќе бидат казнувани ако ја напуштат лентата за велосипедисти?

Ова се важни работи.
Моето искуство во Германија/Холандија.

1. Велосипедистите подлежат на правилата и сигнализацијата. Ако има црвено на семафор, без разлика дали си на велосипед, пеш, или автомобил, запираш. Точка. Ако не, казна. Инаку и тука има паметњаковичи што пробуваат да минат на црвено. Еднаш бев сведок кога летна еден преку хауба заради минување на црвено со велосипед. Језиво.
2. Да, ако има патека и не возиш по неа, има казна. Јас сум 2 пати сопиран од полиција и предупредуван за такво нешто. За среќа не ми пишаа казна, ме предупредија. Исто, за возење велосипед по тротоар. Забрането е, освен ако не е дозволено со знак.
3. Даваш звучен сигнал кога престигаш (или ако немаш ѕвонец, си извикуваш културно дека престигаш). Ако има лента за велосипеди (во 90% од случаите има), возиш по неа. Ако не, ќе те предупреди полицијата културно дека треба да возиш по неа. Ако се правиш паметен, ќе те запрат и најверојатно казна.

1. Така, значи си почитуваат црвено, и добиваат казни ако не почитуваат црвено. Уште да ми кажеш дека тој што го удрил велосипедистот што прошол на црвено бил прогласен за невин, и пуштам Ужичко коло.

2. Прекрасно. Пре-крас-но.

3. Браво. Така треба.

Правила бе, правила. И здрав разум.

А ако постоечката велосипедска патека е елоквентно узурпирана (како што е во преку 230945203496823856% од случаите кај нас), тогаш кој ќе го јаде снајперот? Или тоа не е битно, те боли к*р...

Зборувам за Лондон, соодветно на муабетот за целосно посебна лента за велосипедисти долга 29 километри. Не за кај нас.

Знам која ти е поентата, и знам кој ти е ставот према точкарите кај нас, така да, нема потреба од многу драматизирање. Тоа е тоа, „душички напатени“ vs „богови во метален оклоп“.

Глумењето жртва ни е национален спорт. Јас ги поддржувам сите што се решиле да возат точак, и сум им максимално благодарен. Им се восхитувам на кондицијата и меракот. Само да внимаваат на црвено, и да не се бутаат меѓу коли во движење, и да не се влечат на среде рекорд во двете ленти 4-ца „продуховени“ велосипедисти и да покажуваат среден прст на луѓе кога ќе им свирнат да се тргнат.

Едит: Да дополнам за богови во метален оклоп - далеку од богови. Јас сум свесен за последиците кои може да ги направи моето возило, односно јас зад воланот. Не паркирам на велосипедски патеки, не паркирам на тревни површини (признавам, се десило еднаш), не паркирам каде што проаѓаат луѓе и не блокирам гаражи, итн. Ја очекувам истата толеранција од учесниците во сообраќајот што бараат разбирање и толеранција. Арно ама, ако јас удрам велосипедист и сум крив, ќе си ги сносам последиците. Арно ама, ако велосипедист пројде на црвено и го удрам, скоро по дефиниција пак сум крив. Логика?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Велосипед
« Одговори #2729 на: 04 Февруари 2015, 11:42:58 am »
Едит: Да дополнам за богови во метален оклоп - далеку од богови. Јас сум свесен за последиците кои може да ги направи моето возило, односно јас зад воланот. Не паркирам на велосипедски патеки, не паркирам на тревни површини (признавам, се десило еднаш), не паркирам каде што проаѓаат луѓе и не блокирам гаражи, итн. Ја очекувам истата толеранција од учесниците во сообраќајот што бараат разбирање и толеранција. Арно ама, ако јас удрам велосипедист и сум крив, ќе си ги сносам последиците. Арно ама, ако велосипедист пројде на црвено и го удрам, скоро по дефиниција пак сум крив. Логика?

Генерално - „богови“. Ти - „исклучок“. Ти може ќе ја добиеш таа толеранција, може и не. Исто како што и тој на точак, може ќе биде третиран како учесник во сообраќајот, а може и не. Исто и јас како пешак, треба да соберам храброст да почнам да проаѓам на пешачки, со надеж дека може некој од горенаведените „богови“ ќе му текне да застане и да ме третира како учесник во сообраќајот (кој во цивилизираниот свет е со најголем приоритет), а не да убрза и уште па да трга накај мене, или да ми свири и да мафта од безбедната внатрешност на металниот оклоп.

Еден другар многу фино го склопи „македонизмот“ во една изјава: „Просечната интелигенција на Македонецот, не е на некое замашно ниво. Е сеа, рачунај дека 50% се под тој просек.“