Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 897724 пати)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Велосипед
« Одговори #2730 на: 04 Февруари 2015, 12:12:13 pm »
Е ја од коа почнав да возам точак, разбирам повеќе некои работи од порано. Али, од Џорче до почеток на Водно иам дста пат да јадам нели, па обично глеам да возам по тротоари. Сеа ок, негде нема место и слично. Еве Гологанов више 2ра година се гради, сакал нејќел на дел од улица возам, ама морам да признаам дека ми е толку за нигде коа сум на улица, дали да веслам со нозете дали да глеам да не ме согази некој..Ако евентуално сум на улица, црвено си е црвено и крај! застанувам 99% од времето, (тој 1% е што проаѓам на црвено кај мене на улица :D)
Неврмајнд, Да треба да се реши инфраструктура, ама тоа не значи дека сме го ослободиле Скопје ако се качиме на точак, голем ташак
Исто како и велоситочкарите, така и ние у саобрачај треба да бидеме малце по толерантни и по тоа прашање (меѓу другото) и сите среќни и весели.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #2731 на: 04 Февруари 2015, 12:45:43 pm »
Не треба храброст за да се помине пешачки. Треба возило да не наидува. Како што не учеа како мали, истото важи. „Погледни лево-десно и ако не наидува кола помини“. Не е тешко.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Велосипед
« Одговори #2732 на: 04 Февруари 2015, 12:48:40 pm »
Така е Дени. Треба и возилото да застане кога веќе пешакот е на пешачки, а не да убрзува и да светка/свири и слично. Како што не’ учеа малку поголеми. Само што не секој имал капацитет да разбере што му се зборело.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Велосипед
« Одговори #2733 на: 04 Февруари 2015, 12:51:41 pm »
На семафор? го гледам од далеку зелено за мене (кола) и некоја бабетина ми претрчува а неа и е црвено? Морееее тоа според закон треба да се изгази! и у рикверц да се вратиш за да се осигураш! Уставно начело треба да е тоа бе, каков закон, закон за пички е

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #2734 на: 04 Февруари 2015, 13:10:49 pm »
Така е Дени. Треба и возилото да застане кога веќе пешакот е на пешачки, а не да убрзува и да светка/свири и слично. Како што не’ учеа малку поголеми. Само што не секој имал капацитет да разбере што му се зборело.
Ако гледа дека наидува кола и стапнал на пешачки, тури му курот на тој пешак. Тоа не е пешак, тоа е стока. Добиток прави така само, не луѓе. Луѓето знаат да проценат опасност кон својот живот. Некои видови на добиток не знаат.

Тргам од себе, каде мајка ми ја барам да тргнам ако иде кола? Има 0.1% шанса да не ме види колата да ме спружи на земја и да загинам млад. Има 0.1% шанса дамла да е возачот и да загинам млад. Има 0.1% шанса да вози 200кмч и да не предвидам дека неможе да застане. Има 0.1 шанса да не му работи некоја кочница да се изврти и да ме спружи. Има 0.1% шанса да има скршена спирала да се изврти и да ме спружи, има 0.1% шанса да има 155ки излижани и да ме спружи, има 0.1% да имал инфаркт возачот. Само од овие примери ете го 1% шанса за смрт. Таа ја презема секој пешак со стапнување на пешачки. Или математика ако заигра, на 100 поминувања на пешачки кога иде возило - умираш. Просто е. Ако сакаш да загинеш, тоа е одличен начин да си го одземеш животот.
Ова е мое мислење, може да не се сложувате. Само давам едно видување за тоа од каде потекнување учењето за поминување на пешачки премин, од моја страна. Можеби и грешам, прифаќам и таква опција.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Велосипед
« Одговори #2735 на: 04 Февруари 2015, 13:20:58 pm »
На семафор? го гледам од далеку зелено за мене (кола) и некоја бабетина ми претрчува а неа и е црвено? Морееее тоа според закон треба да се изгази! и у рикверц да се вратиш за да се осигураш! Уставно начело треба да е тоа бе, каков закон, закон за пички е

Да не бидам погрешно сфатен...

И јас не ги можам кога претрчуваат, или уште полошо, „елегантно поминуваат“ на црвен пешачки семафор, или кога поминувањето на пешачки пролаз е повик за будење на манекенството во себе, и би ги газел со "Extra Style Bonus".

Меѓутим... Ми се пали зелено на пешачки семафор... Почињам да проаѓам, и идиотот иде у мене. Проаѓам, па ако сака нека ме гази... Демонстративно застанува на метро од мене, и „ми дава дозвола“ да поминам. Или, знам дека за коли е веќе некоја секунда црвено, пошто иначе моето не би било зелено, и го глеаш талентов се улетал бре бре бре, фаќал „на жуто“. Е на такви, све живо и не толку живо у фамилијарно дрво да им испое**м.

Така е Дени. Треба и возилото да застане кога веќе пешакот е на пешачки, а не да убрзува и да светка/свири и слично. Како што не’ учеа малку поголеми. Само што не секој имал капацитет да разбере што му се зборело.
Ако гледа дека наидува кола и стапнал на пешачки, тури му курот на тој пешак. Тоа не е пешак, тоа е стока. Добиток прави така само, не луѓе. Луѓето знаат да проценат опасност кон својот живот. Некои видови на добиток не знаат.

Тргам од себе, каде мајка ми ја барам да тргнам ако иде кола? Има 0.1% шанса да не ме види колата да ме спружи на земја и да загинам млад. Има 0.1% шанса дамла да е возачот и да загинам млад. Има 0.1% шанса да вози 200кмч и да не предвидам дека неможе да застане. Има 0.1 шанса да не му работи некоја кочница да се изврти и да ме спружи. Има 0.1% шанса да има скршена спирала да се изврти и да ме спружи, има 0.1% шанса да има 155ки излижани и да ме спружи, има 0.1% да имал инфаркт возачот. Само од овие примери ете го 1% шанса за смрт. Таа ја презема секој пешак со стапнување на пешачки. Или математика ако заигра, на 100 поминувања на пешачки кога иде возило - умираш. Просто е. Ако сакаш да загинеш, тоа е одличен начин да си го одземеш животот.
Ова е мое мислење, може да не се сложувате. Само давам едно видување за тоа од каде потекнување учењето за поминување на пешачки премин, од моја страна. Можеби и грешам, прифаќам и таква опција.

Дени, должност е на возачот на моторно возило да ја прилагоди брзината и евентуално да застане, кога ќе види дека има пешаци кои чекаат да поминат на пешачки премин (без семафор, само пешачки).
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #2736 на: 04 Февруари 2015, 13:27:30 pm »
Што е важна должноста во случаите кои ги наведов?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Велосипед
« Одговори #2737 на: 04 Февруари 2015, 13:30:47 pm »
Дека идиотот треба да го запре возилото, кога „стоката“ тргнала да проаѓа на пешачки.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #2738 на: 04 Февруари 2015, 13:34:11 pm »
Во горенаведените услови не е важно тоа кој што „треба“ да направи. Тоа се обидувам да објаснам. Случаите се дефинирани како „несреќи“.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5011
  • The Spartan General
Одг: Велосипед
« Одговори #2739 на: 04 Февруари 2015, 13:49:59 pm »
1. Така, значи си почитуваат црвено, и добиваат казни ако не почитуваат црвено. Уште да ми кажеш дека тој што го удрил велосипедистот што прошол на црвено бил прогласен за невин, и пуштам Ужичко коло.

2. Прекрасно. Пре-крас-но.

3. Браво. Така треба.

Правила бе, правила. И здрав разум.


Не знам кој е бил на крајот крив, ќе дојде полиција ќе процени, брза помош за повредените, плус има камери за снимање сообраќај на таа раскрсница (затоа што е поголем булевар кој води директно кон приклучување на автопат). Ама по моја преценка, ако овој со велосипедот немал осигурување за трети лица, плаќа за поправките на овој со колата.


Друго нешто, тука има и алкотест за велосипедисти. Ако си имаш повеќе од 1.5 промил не смееш да возиш. Ако возиш, те фатат и имаш возачка, ти ја земаат. Процедурата за враќање, е иста како да си сопрен со автомобил во алкохолизирана состојба.

Првата година кога се преселив во Германија, во 2-3 сабајле се враќав дома од некаде, и си правев осмици со велосипедот, ама така, од ќеф. И ме застанува полиција, вади ова за дување и вика дувај. Прв пат во животот ми се случува такво нешто, и јас збунет во фацата до даска. Кај ме спотера беља, ем германски не знаеш, ем вака. Ама на крај, се беше ОК, и ми вика, вози кулутурно, не прави зиг-заг, мислевме пијан си. Фала чао пријатно.
Ако нема велосипедска патека, и ако е забрането по тротоар (значи ако веќе треба да возиш по коловоз со велосипед), користи ги рацете за сигнализација. Ако не ги користиш, нема да те пропуштаат да се престројуваш на семафор.  
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Велосипед
« Одговори #2740 на: 04 Февруари 2015, 13:57:01 pm »
Мене лично што ме фасцинираше...

Знаев од претходно дека у Германија и Австрија се возат точкови, и тоа многу. Арно ама, лани на одмор ептен ме просветлија...
- Шеткавме по селца и гратчиња низ Баварија, и во еден момент, видов една огромна инфо табла, со нацртана рута за движење, во должина од 424 км. Рутата е наменета за точаци, со детално претставени насоки на движење, попатни станици, места за преспивање итн итн. Алал вера.
- Во Гармиш-Партенкирхен, поштарот си ја работеше работата на точак, со багажниче напред кај воланот, и приколка закачена на точакот. Алал вера (х2).
- Од Гармиш-Партенкирхен кон Инсбрук, фати дожд, лиење до бесвест, да не можат бришачите да постигнат. Во тие временски услови, ги глеаш на точкови, со кабаници, пончоа и што све не. По мене благо ненормално и ја лично не би, али Алал Вера (х3).
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5283
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #2741 на: 04 Февруари 2015, 14:31:04 pm »
Кога овде кај нас човек слуша муабет (или чита по форуми), излегува дека:
- Сите примерно преминуваат преку пешачки само на зелено, а таму каде нема семафор прво ги пропуштаат сите автомобили (иако законски имаат предност)
- Автомобилите се сила на природата, поубаво да не излегуваш од дома, не па како пешак да преминуваш пешачки премин.

Реалноста на жалост, е малку подруга:
- Поголем дел од пешаците/велосипедистите не е*ат живат сила, потполно исто како и поголемиот дел од возачите.
- Метален оклоп пружа физичка заштита, ама не штити и од кривични/прекршочни последици


Значи на прашањето кој е виновен, пешаците и велосипедистите или возачите... Не знам одговор, ваља пошто не постои. Но кога ќе го погледам постојаното кршење на законите знам дека највиновна е секако државата со неспроведувањето на законите.
Зошто да се спроведуваа законите како што тоа се прави во Холандија или Германија (како што покажува Луки)... 90% од дискусијава ќе беше излишна.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5011
  • The Spartan General
Одг: Велосипед
« Одговори #2742 на: 04 Февруари 2015, 14:54:47 pm »
Значи на прашањето кој е виновен, пешаците и велосипедистите или возачите... Не знам одговор, ваља пошто не постои. Но кога ќе го погледам постојаното кршење на законите знам дека највиновна е секако државата со неспроведувањето на законите.
Зошто да се спроведуваа законите како што тоа се прави во Холандија или Германија (како што покажува Луки)... 90% од дискусијава ќе беше излишна.

Јас мислам дека е повеќе до менталитет, отколку до нешто друго. Во една друга тема потпрашав зошто сите брзаат некаде и се разви огромна дискусија за и против ограничувањата на брзините.
И јас кога сум бил на точак, имам кочено нагло затоа што некој мангуп со кола не ме пропушта, или некој да ме блиндира позади дека возам 30 во зона 30. Во Германија. Или некој да ти покаже среден прст, штоиаде. Ама тоа е многу многу ретко.

На пример во Њујорк за мене беше огромен шок затоа што пешаците не чекаат да ја поминат улицата. Поминуваат без разлика дали смееш или не. Јас бев единствен што чека. Брат ми ме гледа од другата страна и ми се смее ко зелен. Кога поминав, единствен коментар му беше: Шваба. Во Бостон, сосема различна приказна. Исто како во Европа.


За нова година во Келн имаше страшна пијана гужва околу Рајна и по булеварите околу Рајна. Ама шваби како шваби, колу и да се пијани, знаеш што? Кога светне зелено за пешаци по пешачки премин, река луѓе. Буквално река. Светне црвено за нив, зелено за коли, нема никој, сите културно чекаат. Некаде мислам имаше и клип по порталите од нив.

Исто и со велосипедистите. Во Њујорк е хаос со велосипедите. Хаос, изникнуваат од секаде, возат насекаде.  Келн, Берлин, Амстердам, Минхен, Франкфурт, којидае милионски град во Германија/Холандија, се е тип топ. Буквално. Нема хаос, нема ништо. Си има патеки, си има знаци, си има семафори, и си има казни. Има ситни прекршоци, ама се сампоправуваат, сакале нејќеле.

Кога во Македонија и автомобилистите, и велосипедистите, и пешаците ќе разберат дека сите се дел од сообраќајот, и сакале или нејќеле, треба да си го делат просторот и одговорноста рамномерно, тогаш ќе има некаков ред.

Јас не можам да разберам како миљон и пол народ не е во состојба сам да си стави некаков ред. Некаков ред....  :-\ :-\ :-\ :-\
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Велосипед
« Одговори #2743 на: 04 Февруари 2015, 15:02:43 pm »
Кога во Македонија и автомобилистите, и велосипедистите, и пешаците ќе разберат дека сите се дел од сообраќајот, и сакале или нејќеле, треба да си го делат просторот и одговорноста рамномерно, тогаш ќе има некаков ред.
Ова ако успееш да го постигнеш си ја решил загатката на сообраќајот во Македонија. Неможат да разберат.

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Велосипед
« Одговори #2744 на: 04 Февруари 2015, 15:28:07 pm »
Интересна дискусија.

Еве уште едно долго годишно искуство од Латвија. Барем колку толку може да се спореди со Македонија за разлика од Германија, Холандија итн. Проблемот е што многу од работниве локации се во самиот центар, многу луѓе живеат надвор од град и после 17 кога сите се враќаат од работа има ненормални гужви (нели како секој поголем град).
Овдека од летоска почнаа многу повеќе да се стимулира возење на велосипед во централниот дел на градот. Значи скоро сите главни улици во централното подрајче имаат по две ленти во правец. Е повеќето главни улици во центарот од 2 направија само 1 лента за автомобили, а другиот дел е само за велосипеди. Вакво нешто нормално не би функционирало во Македонија затоа што кој ги е*е велосипедите. Јас тука нити имам полиција видено некој да сопира коли што паркираат/возат на лентата наменета за велосипеди ама па и луѓево не го прават тоа освен некогаш некој таксист, комбе, достава итн.
Еве слика да видите за што станува збор.
Пред

Потоа


Ова е истата улица само од друго место сликано. Имаше многу големи дебати, нервози, тензии, и јас како возач исфрустриран ненормално од ваквата одлука ама па еве поминаа веќе неколку месеци и си велам во себе ова е за доброто на сите, што помалку автомобили во центар тоа подобро за моето здравје.

Целата работа е да се има трпение кога се вози. Ние како народ сме темпераментни ама темпераментни се и во Шпанија, Грција, Италија итн. Но сепак се има поголема свест кога станува збор за сообраќајот. Единствен начин тоа да се имплементира во Македонија (на долг рок) е кога полагаш за кола мора да се смени програмата на која што се учат идните возачи. За останатите би рекол економската состојба, правниот (никаков) систем одностно НЕвладеење на правото се причини. Едноставно нема време да се мисли на сообраќајна култура кога имаме многу "поважни" работи во нашиот секојдневен живот.