26-ки се, немаше тогаш 27.5".
Од срамот сум прилично задоволен, убаво прецизно си менува само времето си го направе своето.
Ушката што го држи задниот менувач е малце подсвиткана и не стој баш вертикално менувачот,
а и од многу корења, камења, паѓања, се растропа средниот менувач за предниот погон.
Планирам на пролет втора поголема надградба да му направам, ама шалтерите и задниот менувач
за ништо не ги менувам и ќе си останам на 8 брзини. Синџир, касета, му дојде времето...
Иначе од оригиналот сменав цело предно тркало заедно со амортизерот, пошто овој е со 20мм осовина и така морав.
27000ден надградбата беше, колку што и го купив оригинално, 22000ден амортизер и останатото на нова главина и бандаж да се сплети.
И така 4 години од лупање, ниту еднаш го немам правено предниот бандаж, што не можи да се речи истото и за задниот. х)