Али како не излажа дека до Маврово е спуст, секоја чест
Толку немам пцуено на вожња одамна! 
Сеа кога си правам ривју на турава, ми се свиѓа. Пак ќе кажам дека МТБ и off road не се за мене, освен ако немам некоја бесна машина ко вашите па да ми е мерак да возам, ама во глобала, на некој садо-мазо начин, уживав.
Во неколку наврати реков дека ова е прв и последен пат да се качам на МТБ и да возам off road, освен можеби наредна година на Шарски Води. До тогаш ќе си се држам до асфалт. 
Абе стварно беше спуст

Бар во однос на возење што требаше да се направи до спустот за Лазарополе

Инаку не е до бесните машини, колку што треба одредено искуство
Иако бесната машина прави повеќе уживање дефинитивно

Пак ќе кажам.. За прво возење супер извозевте.. Мислам дека мала грешка направи што се испука многу на сам почеток, и не си остави снага за после

Шарски води не е воопшто тешка тура (бидејќи е спуштање воглавно, и релативно мазен off road), и може да ја извози буквално секој. Мене повеќе ми е ради убавата природа и дружење таа тура ,од колку за возење. исто јакне самодоверба, бидејќи се возат 100 км.
Ова вчера може да се каже дека беше баш права добра МТБ Тура (една од најдобри ми е мене).
Јас инаку цел живот возам MTB, годинава може да се каже дека прв пат да возам road повеќе.. Ако баш морам да бирам едното или другото, мислам дека сепак веројатно MTB.. Повеќе ми е слобода, убавини, пејсажи....
Самото тоа што бара доста техника и за нагоре и за надоле прави да е уште поинтересно