Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1062584 пати)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Велосипед
« Одговори #2355 на: 16 Август 2014, 13:30:52 pm »
Имаш мој број, заѕвони ќе одиме да ѕирнеме задно таму и попуст можам да ти средам :)
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Велосипед
« Одговори #2356 на: 16 Август 2014, 17:30:54 pm »
Се надевам дека у скоро време ќе треба да дам до ск,па ќе ти се јавам.
Кој од овие,и дали е добро ова што сум одбрал?
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Велосипед
« Одговори #2357 на: 16 Август 2014, 17:54:31 pm »
Добро си одбрал не е лошо а кој точно зависи за што ќе го користиш ќе отидеме и ќе ти се разјасни се убаво :)
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16765
  • Keep it 100
Одг: Велосипед
« Одговори #2358 на: 17 Август 2014, 02:00:56 am »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17845
Одг: Велосипед
« Одговори #2359 на: 17 Август 2014, 09:54:45 am »
Вчера со Фиц го возевме малиот мавровски маратон. Планот беше да ја извозиме турата која Крелл и неговите другари сакаа да ја возат, (Маврово - Лазарополе - Галичник - Маврово), ама не успеавме зашто јас страшно си ја преценив физичката кондиција. Турата беше 80% off road, со извонредни пејсажи, прекрасни погледи и преубава природа, но теренот беше ненормално нерамен за hardtail точак до ефтин преден амортизер.
Најпрво психички ме измори теренот, а заради тоа почнав и физички да паѓам и да станувам се поспор, по што моравме со Фиц да се откажеме пред Лазарополе и да се враќаме назад.

За жал ни Крелл не успеа да ја извози планираната тура зошто на другарот му експлодира гума во Лазарополе, па таму се одлучија да запрат.

Би сакал прво да се заблагодарам на Крелл и другарите за дружба, а и се извинам за задржувањето и успорувањето на темпото, се надевам ќе ја научиш лекцијата и нема да викаш све и свашта на тури со тебе во иднина :D

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Велосипед
« Одговори #2360 на: 17 Август 2014, 14:54:04 pm »

Оваа тура важи за една од потешки воопшто, и Мартин и Фиц доста добра се држеа поготово што им е прв пат ваква тура .Ќе има кога, ќе возиме пак :)

Инаку како што виде MTB  е различно од Road. Бара доста техника, искуство за што и како да се поминува, ама сето тоа се учи со текот на времето. Дефинитивно ќе возиме уште тури заедно :)

Инаку како што спомна, и ние не успеавме да ја завршиме бидејќи на другарот му се искина скроз надворешната гума.. Првиот пат кога се искина ја залепивме со лепенка, и плус ставивме внатрешна гума (вози и он Tubeless), ама само после 1 км скроз му пукна (повторно се искина надворешната и буквално експлодира, и веќе не можеше да се поправи). Ова ни се случи на спустот пред Лазарополе, што е со доста камења, а возевме доста брзо (околу 55 км/ч). Спустов има и доста скокови (мислам дека при еден таков скок му отиде гумата).

Како и да, сезонава уште не е завршена, па ќе има уште возење. Јас наредниот викенд не можам да возам нешто подолго, ама за 2 недели од сега , веќе се договоривме да возиме Беровски крај исто Off Road МТБ.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44595
  • Il Moderatore
Одг: Велосипед
« Одговори #2361 на: 17 Август 2014, 15:04:59 pm »
Не е лошо по некоја стегичка да си носите друг пат со вас: http://www.bikehacks.com/bikehacks/2012/05/damaged-tire-zip-ties-to-the-rescue.html
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Велосипед
« Одговори #2362 на: 17 Август 2014, 15:13:03 pm »
Не е лошо по некоја стегичка да си носите друг пат со вас: http://www.bikehacks.com/bikehacks/2012/05/damaged-tire-zip-ties-to-the-rescue.html

Интересен Hack :) Не сум сигурен само дека ќе помогнеше, бидејќи Оги возеше 2.25 гуми што тежат само 460 гм, и се racing гуми и имаат многу тенок зид. Се покажа на таков терен дека не се баш соодветни.. Едното кинење го скрпивме со лепенки, ама само после 1 км се искина на друго место и експлодира.

Од друга страна па и моите се 1.9 (470 гм), а предната 2.0 (570гм), со помалку агресивна шара, и немав никаков проблем.

Можда допринесе и староста на гумата (ги има од минатата сезона) (моиве беа скроз нови). Уште еден доказ дека гуми можда треба да се менуваат на почеток на сезона, без оглед на шарата. Третиот од нас поспоро го спушташе тоа и немаше никаков проблем.

Инаку еве ја мојата задна гума (Specialized Renegade Control 1.9):

Предната гума што ја возам: (Specialized Fasttrax 2.0):

Гумата што се искина и експлодира (Schwalbe Rocket Ron EVO Compound, 2.25):

« Последно менување: 17 Август 2014, 15:25:26 pm krell »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17845
Одг: Велосипед
« Одговори #2363 на: 17 Август 2014, 16:21:29 pm »
Али како не излажа дека до Маврово е спуст, секоја чест ;D Толку немам пцуено на вожња одамна! :)
Сеа кога си правам ривју на турава, ми се свиѓа. Пак ќе кажам дека МТБ и off road не се за мене, освен ако немам некоја бесна машина ко вашите па да ми е мерак да возам, ама во глобала, на некој садо-мазо начин, уживав.
Во неколку наврати реков дека ова е прв и последен пат да се качам на МТБ и да возам off road, освен можеби наредна година на Шарски Води. До тогаш ќе си се држам до асфалт. :)

Отсутен Tome-Colt

  • Близок до администрацијата
  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4619
  • Муфљуз
Одг: Велосипед
« Одговори #2364 на: 17 Август 2014, 16:25:52 pm »
Битно сте се извозеле :) Скорс друга филозофија е МТБ на моменти можеби интересна ама сепак јас повеќе сакам асфалт :)
„Јас, Филип, кењам по форуми и не треба човек ништо да ми верува. Се што пишав за брзината на возење е куп гомна од коњ.“

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5363
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #2365 на: 17 Август 2014, 17:05:01 pm »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Уф, уф... а газето запотено, нема потреба од лубрикант.   :P

edit: Словачка! Дефакто таму има најголем процент на убави жени на планетава (по глава на жител)! И најевтиното (во Европа) а сеуште многу мнооогу добро пиво.
(мојата најголема грешка во животот беше што во Словачка отидов со женско друштво)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20283
Одг: Велосипед
« Одговори #2366 на: 17 Август 2014, 17:06:56 pm »
Ќе те гребе солта.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17845
Одг: Велосипед
« Одговори #2367 на: 17 Август 2014, 17:07:17 pm »
Ти се палиш на запотен газ, Крелл на добра гума, другар му на уље за ланец што мириса, другиот другар на ружна фаца-добро тело... Секакви фетиши слушнав во последниве 24 саати. :-/

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Велосипед
« Одговори #2368 на: 17 Август 2014, 17:44:54 pm »
Али како не излажа дека до Маврово е спуст, секоја чест ;D Толку немам пцуено на вожња одамна! :)
Сеа кога си правам ривју на турава, ми се свиѓа. Пак ќе кажам дека МТБ и off road не се за мене, освен ако немам некоја бесна машина ко вашите па да ми е мерак да возам, ама во глобала, на некој садо-мазо начин, уживав.
Во неколку наврати реков дека ова е прв и последен пат да се качам на МТБ и да возам off road, освен можеби наредна година на Шарски Води. До тогаш ќе си се држам до асфалт. :)

Абе стварно беше спуст ;) Бар во однос на возење што требаше да се направи до спустот за Лазарополе :)

Инаку не е до бесните машини, колку што треба одредено искуство :)

Иако бесната машина прави повеќе уживање дефинитивно :)

Пак ќе кажам.. За прво возење супер извозевте.. Мислам дека мала грешка направи што се испука многу на сам почеток, и не си остави снага за после :)

Шарски води не е воопшто тешка тура (бидејќи е спуштање воглавно, и релативно мазен off road), и може да ја извози буквално секој. Мене повеќе ми е ради убавата природа и дружење таа тура ,од колку за возење. исто јакне самодоверба, бидејќи се возат 100 км.

Ова вчера може да се каже дека беше баш права добра МТБ Тура (една од најдобри ми е мене).

Јас инаку цел живот возам MTB, годинава може да се каже дека прв пат да возам road повеќе.. Ако баш морам да бирам едното или другото, мислам дека сепак веројатно MTB.. Повеќе ми е слобода, убавини, пејсажи....

Самото тоа што бара доста техника и за нагоре и за надоле прави да е уште поинтересно

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16765
  • Keep it 100
Одг: Велосипед
« Одговори #2369 на: 17 Август 2014, 18:29:00 pm »
Ако баш морам да бирам едното или другото, мислам дека сепак веројатно MTB.. Повеќе ми е слобода, убавини, пејсажи....

Самото тоа што бара доста техника и за нагоре и за надоле прави да е уште поинтересно

Истото и јас го мислам, посебно подвлеченото. Плус некои лакови може лесно да се скратат и да испадне дуатлон.