Разликата во тежина би дошла само од разликата во тежината на тркалата, да?
Тоа и не би смеело да бидат многу... грамови
или мислиш на тоа дека поголемата инерција ја прави тромоста и го отежнува качувањето?
BTW, за хардтејл тврдоглаво 29ки сакам, глупаво било или не.
Аko ми влезе чивијата ќе треба и фул суспензија all mountain, а тоа секако би било 26ка/27.5. Или фул суспензија ендуро, можеби дури и даунхил. 
Сега имам голем подрум, има каде се бесат точаци.
Е голема разлика во тежина, и тоа најбитните грамови.
Пример:
Schwalbe Rocket Ron 26 2.1: 480gm
Schwalbe Rocket Ron 29 2.1: 535 gm
Mavic CrossMax SLR
26 Пар: 1440 gm
29 Пар: 1620 gm
Значи разлика комплет во тежина помеѓу 26 -те и 29 -те : 290 gm и тоа најбитната тежина на точакот.
Ова важи за ептен лесна варијанта.
Ако одиме со потешка варијанта на компоненти:
Schwalbe Nobby Nic, разликата во тежина по гума е 70 гм (140 гм вкупно, што значи со се тркала е барем 320 гм и повеќе). Да се 320 гм разлика во тежина на рам, или на седиште можда и нема да се примети.. Ама на тркала ептен се приметува, поготово за качување.
И еве да е иста тежината дури.. Чувството на поголема респонсивност што ја имам со 26 ки, и што е све поексплозивно во моментот прави ќеиф.. 29 -ки, по технички патеки некако... Мој совет, 27.5 (тоа би требало да биде идниот тренд, и со тоа би имал точак со долга иднина во поглед на компатибилност)