Денеска конечно стигнаа и по брза постапка беа сменети гумите. Земав Continental 4000s зашто од тоа што прочитав и што видов беа најдобри за парите. Сосе царина и други давачки ми излегоа ~2300 денари по гума додека кај нас со попуст ми ги даваа 2800 една со тоа што требаше да чекам до кујзнае кога. Старите гуми беа Vittoria Rubino Slick и можам комотно да кажам дека им ја извадив душата. Задната више стигна до платното јас поминав грубо 6000 км со нив а беа и претходно нешто малце возени. Од тоа малку што повозев денес гумиве ми личат доста по меки од старите по пријатно е возењето каде каде. Грип имаат ненормален, се надевам ќе трае долго
. Исто така сменив и клитови на патиките зашто старите скрос отидоа во неповрат.
Еве и по некоја сликичка да видите 
До кај беше? До битола само?
Него денес се извоевме до Матка. Ептен е преубаво, ем се одржува деновиве европско првенство кајакарство и е многу закон. има мноооогу луѓе и кајакарки добри

ја за холандија навивам! Од дома ни требаше некој 30тина минути да стигнеме со точаци, ама имаше по некоја кола по пут а и кај глумово се испозаглавија комбиња ли што ли беа. Патот е онака ништо посебно ама убаво е да се повози, релаксирано. Уствари ке се тргне релаксирано, али кај глумово смрди у пикчу матер па си викаш ај побрзо да го поминам делов то смрди.
Утре и задутре е уствари такмичењето, денес беа тренинзи, така да кој сака да се зеза, нека оди, немора со точак, со кола, ептен е супер!
После тоа се извозевме до бајк маркет да подзатегнат брзини на точакот и сме се заебале за сите пари што јадевме у Ројал бургер. Малце ми фалеше да викам такси или некој со кола, едвај извозев до дома после. Како и да е, интересно сабајле