Двата Venge беа 54-ки, а според каталог на Specialized баш 54 е идеална големина за моја висина и inseam. Пред да тргнам свртев два круга на паркингот и при секој круг ми ја подместуваа висината на седлото, но не успеав да се наместам. Замолив еден од дечките да ми позајми клуч за да се подместам ако осетам нешто по пат. Не подместив ништо, но на крај на возењето осеќав дека рамката е голема за мене. Треба да си го средат каталогот.

Рутата беше Средно - Клиника - Средно, зошто планиравме со Томе да идеме во 9:20 ама касно се прибрал дома и испадна на Водно да стигнам во 10:20, плус 1 саат чекање да стигнам на ред, тргнав во 11:30 надоле и стварно немав време и на подолга дистанца да се пробам.
Качувајќи се нагоре, осеќав дека рамката е долга за мене, зошто дури и без drop меѓу седло и волан осеќав дека се истегнувам за да се додржам во правилна позиција. Тоа е тоа, масовно тест возење е, не можеме многу да бираме, треба да се има и совест дека други чекаат.
Ова е прв карбонски велосипед кој сум го возел повеќе од 2 км, а втор карбонски што сум го пробал. Првиот беше Giant TCR Advanced, исто 54, кој го возев чисто од љубопитност. Од мене и двата имаат само пофалби знаејќи дека немам со што да ги споредам.
Исто така, ова е прв контакт за мене со електронски шифтинг. Колку и да викаат дека менувањето е инстантно, сепак има закаснување во однос на механика. Си има и свои бенефити, тежи многу помалку и слично, но ако ја би купувал премиум група, би одел на механичка Dura Ace и би ја скокнал електронската Ultegra. Ценовно мислам дека се тука некаде.
Си пуштив Страва мерење да видам статистики во текот на возењето, и испадна дека јас, што го качувам Средно Водно на велосипед вкупно ВТОР пат, сум максимум 10 секунди поспор од Томе на сите сегменти, кој таму и тренира. Заклучок: 13 кг точак наспроти 7 кг точак има разлика

Морам да признаам, се качив на точак со резерва. Како закоравен фан на све италијанско, со скептицизам се симнував надоле. Кога дојде време да се искачам, сфатив дека во светот на High-end карбонски точаци, нема предрасуди. Освен што дланките ми беа малку numb, на Средно стигнав одморен, за разлика од првиот пат со мој точак кога направив пауза зошто мислев дека ќе колабирам.
Тоа е тоа, уште си ги прибирам впечатоците, 12 км се многу малку за целосно да процениш велосипед, но знаејќи дека сега засега тоа ми е единствена прилика да возам нешто толку скапо, шансата што ми ја дадоа дечките од Specialized ќе ја ценам неизмерно.

ЕДИТ: Испадна километарски пост, а јас мислев дека немам што да кажам. Сум имал
