Морам д си се пофалам бе морам

Денес сабајле се искачив до крстот на Водно. Пресреќен сум.
Активен пушач веќе7 години, од спортување во последните 7-8 години НИШТО. Пред 4-5 дена земав точак нели, еднаш го извозев на кеј едно 20тина км и толку ова ми беше втор пат. До средно без некој поголеми проблеми, ми беше тешко ама не страшно многу тешко. Со две-три паузи до средно од околу минута, да се напијам вода, се давев од цигарите

На средно мал одмор и решивме да идеме до врв. Од средно до горе се окозив, ама успеав. Веслав, веслав едвај. Од местото каде што пишува дека има три км ми стана доста тешко, негде отприлика од кај тоа одмаралиштето или што и да е. Тој км ми се виде како сто години, после мала удолница и земање залет, па последните 500 метри најтешки ама полека полека стигнав.

Кога доаѓа времето да се спуштитш надоле сфаќаш дека целиот тој напор вредеше. НА почеток ми беше малце повеќе страв, ипак уште го немам навикнато ни точакот, а горе имаше доста песок на првите неколку кривини и дупки, градат нешто, после на првата или втората кривиниа за малце ке се стркалав надоле, ама па попосле се опуштив, како идев надоле се побрзо и побрзо терав и кога се опуштив и се препуштив повеќе на возењето и уживав почна да има доста гужва, па таман ќе фатев кривина со добра брзина, ме чекаа толпа луѓе после тоа па морам да кочам ко ненормален. Ја разбирам дека луѓето излегле фамилијарно, ама тоа не значи дека треба да идат сите во еден ред и да ја зафатат сред улица. Имаше доста спермни велосипедисти кои се отепаа пцуејки за тоа, па затоа малце и пазев на крај. Од средно надоле пополека, имаше доста коли, а после и мотори што се тркаа нагоре :S
Така да за надале извадив макс од 41км/х знам дека е мала брзина за разлика од таа што ја тераат крелл, Томе, Фиц и компаниа арно ама за прв пат ја сум презадоволен. Сега малце одморив и добро е, сеуште можам да се движам, ќе видиме утре сигурно ко ебан ке одам али вредеше

А да, го видов тоа на Specialized што беше тестот, ама ме мрзеше да се возам после тоа. На качување не ни планирав да се замарам со нив, а на симнување многу ми беше убаво за пак да се замарам со нив
