Дефинитивно нема да се залетувам. Нешто ги прашував (продавницата) за замена на компоненти и не сакаа ни да ми одговорат дефинитивно дали е можно или не, надградба со доплата. На мои детални прашања, одговараа само со „дојди во дуќан„... Многу ме нервира некомуникативност во вакви ситуации, толку ли имаат работа или нешто друго е во прашање. Не дека не би отишол во дуќан, ама ако нема шанси за тоа што го барам... па тогаш зошто да губам време со нив. Точно ме интересира тоа што го барам, и ништо друго од другите точаци во дуќанот.
Нејсе, и онака е зима. Но морам да признаам ме чешаше џепот, да ми кажеа „да, може доградба!„ ќе го купев точакот (со некои делови заменети).
Инаку не знам дали нагласив, ама дефинитивно сакам хардтејл со 29ки тркала. Овие од огласиве сите се 26ки, плус половен точак ако не е од познат, или познат на познат... не би ризикувал. Ако испадне дека нешто не е во ред, ќе ми испадне поскапо од нов точак, на страна што во скоро секој случај ќе има некаква амортизација. Така да половен точак, не.
МЕне воопшто не ми се гледа евтино меридава.За поагресвно возење рачунај дека ќе треба натаму(а можеби и одма)да ги менуваш кочниците,преден менувач по можност и тркала.За амортизерот преден да не зборувам.Единствено на точаков ми се допаѓаат гумите.Другото се е слаба категорија.За тоа што го велиш дури мислам дека и 300ката ти е слаба.И не ми е јасно,иако можда и не е толку битно!Велосипедов е со 24 или 27 брзини!Незнам како ти возиш велосипед,но јaс ако би бил на твое место не би гледал ништо послабо од 500ката!
За вилушката знам дека не ја бива, читав ревјуа на нет. Но во ентри левел почетничкава класа сите точаци идат со такви ќумур Suntour вилушки. Планот беше понатаму да си земам нешто во класа на RockShox Tora TK 29.
Инаку со оваа Мерида во иста серија има повисоки модели што идат накај 1300$, со истата рамка и тркала... размислувањето ми беше дека би требало рамката и тркалата да се ОК. За преносот знам дека е тиња за успони и ХС офроуд, затоа и им барав во продавницата да го сменам од веднаш.
Но ме чудиш што велиш дека кочниците не ги бива, на нет и по форуми пишуваат дека не се ништо посебно но и дека не се толку лоши.
Како и да е, фала за советите до сега. Ценам што го споделуваш искуството. 
Брат не менуваат.Особено не бајк маркет и Пробајк.Го имам и јас ова на времето прашувано.Малку ми фалеше да купам cube од пробајк,но не ми одговараа гумите schwalbe smart sem.Mу реков дека ќе го земам велосипедот но да ги смениме гумите со максис и тие на точакот да ми ги одбие.И замисли не сакаше ни за едни гуми да среди работа а камоли пак да ти менува делови.Ти можат и да ти ги сменат,ама оригнал деловите од велосипедот ќе треба да си ги земеш.
НЕ рачунај дека и на меридата на пример дека може да и се направи надградба.Ако не е 9фаз ќе треба за поквалитетен менувач ќе ти треба и задна 9 касета,ланец за 9ка-10ка,пренос итн.
Значи не е само едно делче и да се вози.ДОбро е ако е 9-то фаз,но доколку е 8мо фаз имаш многу зафрканции.Кочниците не се лоши воопшто!Напротив добри се,но не и за агресивно возење.Предност им е евтино одржавање.мана постојаното расипување.Али пак ќе кажам не мора да значи дека ќе ти се расипат.Тоа се зависи од тебе и од возењето.Во секој случај за агресивни возачи не се.Гледај ШИмано или Авид.Се останато е лошо!!Нормално има и други добри како Магура,ама не би ги препорачал за наш пазар..
Несакам да ти се мешам но нема потреба толку да се плашиш.Ако е краден или такви работи не верувам дека некој ќе го стави на спорти сале,а и да го стави веднаш ќе си го препознае некој.Е сега за тоа дека може да е некој расипан,тоа се согласувам.АЛи пак ако има добра цена и тоа се средува.
Ти пуштив два три линка претходниот пат и незнам што си направил!
Добри се Suntour вилушките но оние од Xcr нагоре.Suntour има и многу поубави амортизери,но тие се ретки и мнопгу поскапи.
НЕзнам дали има ТОРа за 29ка!Зарем не беше стар модел тората

?
Како и да е еден Recon би завршил работа.
Tи си знаеш,но паќ ке напоменам.АКо возиш агресивно и по дупки од старт барај подобро.100ката не е тоа што ќе врши работа.
Кога сме веќе кај велосипедиве.Пријател продава сity bike со 28инчи тркала.XTR oпрема со нови делови.
Ако му врши на некој работа нека ми пише порака.Ќе му дадам бројче.