Не го знам, но доколку точакот е од еден газда, и уште подобро има валидна гаранција, нема потреба од страв.
Предложив половен затоа што нов, а добар, и добро опремен, тешко се наоѓа.
Ако си аматер и сакаш посериозно да се зафатиш со возење, точакот може да е пресудна варијабла на подолг рок. 
За нови, ќе го оставам Дарко, можеби и Томе, ако прочита.
Ај да ви кажам HINT за купување нов точак.
1. Чекаш крај на сезона (Август)
2.Одиш на одмор во Хрватска, Грција можда и Бугарија.Најевтини се Словенија и Хрватска од мое искуство, дури мислам дека сите наши увозници увезуваат од Словенија
3. На крај од сезона имаат попуст од 20-25% од крајната цена. Дури летоска во Љубљана и покрај попустот, начекавме BlackFriday каде што на тие цени имаше уште 20% попуст само тој ден (значи попуст од 40% )
4. Си го пребиваш и нивното ддв, и ти доаѓа поевтино за доста.
Ако еден точак е 500еур, на крај од сезона очекувај попуст од барем 20%, што ќе дојде 400 ЕУР. На тие 400 ЕУР минус ДДВ -то нивно, ќе дојде 320 ЕУР.
За цената што гледаш точак тамам ќе бидеш во границата на дозволен увоз без плаќање ддв и царина на наша граница.
Инаку немам преференца за одредена марка. Најбитно од све е да ти е тамам во поглед на големина на Рам и Геометрија за твојата градба на тело (лани одев во Словенија да ми прават Bike Fitting, бидејќи со едниот точак не можев никако да се наместам и покрај тамам бројчето на рам. Испадна дека имам подолги нозе од просекот за мојата висина, и дека требало да одстапам од стандардите за местење).
Еден другар кога купуваше, и покрај што Scott за парите нудеше најмногу, самата геометрија не му одговараше и купи КТМ.
И покрај тоа што возам Specialized и тоа втор по ред, имам впечаток дека Specialized како марка одат на маркетинг и за парите почнуваат да нудат многу малку, односно праат финти во поглед на тоа дека за истиот модел наредната година го спуштаат нивото на опрема.Ова би се потврдило или отфрлило само ако се спореди што нудат другите за иста цена. Инаку до сега сум задоволен од Specialized
Мерида не е лош бренд, само мене не ми се допаѓа како изгледа.
КТМ кај нас има одлична подршка и добар продавач. Мана е што немаат на лагер и треба многу да чекаш.
Трек ги застапува фирма што никогаш не би купил од нив, бидејќи имаат најлош support и однос, барем од искуствата мои и на моите блиски.
Scott во Вучко знае да има одлична понуда.
Со други зборови, немај предрасуди према марката, бидејќи квалитетот на извиканите марки им е тука некаде. Најбитно ти е :
1. Рамот -Основа на точакот. Ко да збориме за шасија и подвозје на кола. Обрати внимание на големината и на геометријата, и обавезно малку повози пред да купиш. Ако си на граница измеѓу две големини, секогаш е подобро да одиш со помалиот, па да си играш со подолг стем од колку да го купиш поголемиот. Ова важи само ако си на граница.
Од што е направен рамот и како е направен (од тоа зависи колку е цврст точакот, колку апсорбира од удари).
2. Не купувај никогаш точак со тиња РАМ, а подобра опрема, бидејќи рамот ти е основа, а опремата се менува
Најдобро од кога ќе пробаш и видиш (најбитно е да ти е скроз тамам, па после све друго), пушти ги конкретните модели па ќе споделам мислење кој е подобар полош за цената
Дарко
Taка и јас го купив првиот мој велосипед.Од Словенија.Не е баш така како што велиш.Разлика на 500 евра може да има 100 евра,ништо повеќе од тоа.Значи ако тука велосипедот е 500 евра таму би се земал за 400.Работата е што треба парите да ги имаш и да ги дадеш па дури после да си го поврати човек ддв-то назад.
Сум правел и пресметки за другари пред една година како фаќа да се земе од Србија и пак испаѓа она што го велам.Во секој случај се исплати само за поскапи точаци,особено оние над 500 евра.
Не би се согласил и дека Словенија и Хрватска се најевтини.Напротив мислам дека се поскапи во регионот,иако тоа што велиш дека нашиве земаат од Словенија е точно.Чист пример се МЕрида но тоа не значи дека тие се втора рака туку напротив,тие стигнуваат прво во Словенија за цел балкан и потоа ги распоредуваат во Словенија,Србија,Maкедонија итн.
Погоре велиш дека КТМ има добар Сервис и подршка.

Скромна продавничка што секогаш имаат по два-три модела на велосипеди и од истите по 20 комада.НЕ ти е ова малку глупо.Само КТМ ултра фире го имаа и уште два модела на ктм годинава.Прескромно за една велосипедска продавница.
Туку за бајкстоп збориш.Незнам за тебе,но според мене мислам дека пофер и поискрен човек од Џими нема кај нас.Едноставно човекот не продава ветар во магла кога ќе му влезеш во дуќан.Младиот е малку мрзлив точно

aли гледам во последно време и он се оправува.Во секој случај овластени се за FOX,a тоа не е мала работа.Едноставно баш ми е о.к и амбиентот.Дури мислам дека имаат и премногу роба која тешко се продава на нашиот пазар.Свака част за луѓево.
Вучко пак си е втора рака и никогаш немаат нешто подобро.Увоз од Србија и Бугарија.

Едноставно велосипед кај нив за добра цена не може да се добие.Газдата си работи сосема друго и имам чувство како да му е ова зафрканција.Сервисот им е очаен,а верувам дека ќе се согласиш дека иста продавница за лампиони и велосипеди не бива.

За советите кои ги имаш дадено за рамките и тексто до крај апсолутно се согласувам.
ЗА Крај!Нема потреба да се оди веќе на нов велосипед или од увоз.Би го пофалил Орце швајцарецот.Едноставно човекот ги утепа сите во овие месец дена.Мислам дека толку велосипеди немаат вкупно дадено сите продавници во Скопје колку што има он.Број 1 дефинитивно.
Двајца другари во мало веќе возат негови велосипеди.Едноставно нови велосипедиве.Комуницирав со него на фејсбук и ми се виде доста фер дечково.Веројатно си ги има примено швајцарските вредности,па љубезноста и помошта му се јака страна.
Би препорачал секој да се обрати прво кај него за велосипеди па дури после на други места.
Инаку кога ќе ги земам во прилог неколку фактори за нашиве продавници!Снабденост,велосипедски амбиент и љубезност би ги рангирал вака
Не ми се верува,се утепав пишувајќи за продавнциве,али ми го снема текстот
