Автор Тема: Велосипед  (Прочитано 1143656 пати)

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Велосипед
« Одговори #1545 на: 13 Јануари 2014, 04:18:26 am »
Не го знам, но доколку точакот е од еден газда, и уште подобро има валидна гаранција, нема потреба од страв.
Предложив половен затоа што нов, а добар, и добро опремен, тешко се наоѓа.
Ако си аматер и сакаш посериозно да се зафатиш со возење, точакот може да е пресудна варијабла на подолг рок. :)

За нови, ќе го оставам Дарко, можеби и Томе, ако прочита.

Ај да ви кажам HINT за купување нов точак.

1. Чекаш крај на сезона (Август)

2.Одиш на одмор во Хрватска, Грција можда и Бугарија.Најевтини се Словенија и Хрватска од мое искуство, дури мислам дека сите наши увозници увезуваат од Словенија

3. На крај од сезона имаат попуст од 20-25% од крајната цена. Дури летоска во Љубљана и покрај попустот, начекавме BlackFriday каде што на тие цени имаше уште 20% попуст само тој ден (значи попуст од 40% )

4. Си го пребиваш и нивното ддв, и ти доаѓа поевтино за доста.

Ако еден точак е 500еур, на крај од сезона очекувај попуст од барем 20%, што ќе дојде 400 ЕУР. На тие 400 ЕУР минус ДДВ -то нивно, ќе дојде 320 ЕУР.

За цената што гледаш точак тамам ќе бидеш во границата на дозволен увоз без плаќање ддв и царина на наша граница.

Инаку немам преференца за одредена марка. Најбитно од све е да ти е тамам во поглед на големина на Рам и Геометрија за твојата градба на тело (лани одев во Словенија да ми прават Bike Fitting, бидејќи со едниот точак не можев никако да се наместам и покрај тамам бројчето на рам. Испадна дека имам подолги нозе од просекот за мојата висина, и дека требало да одстапам од стандардите за местење).

Еден другар кога купуваше, и покрај што Scott за парите нудеше најмногу, самата геометрија не му одговараше и купи КТМ.

И покрај тоа што возам Specialized и тоа втор по ред, имам впечаток дека Specialized како марка одат на маркетинг и за парите почнуваат да нудат многу малку, односно праат финти во поглед на тоа дека за истиот модел наредната година го спуштаат нивото на опрема.Ова би се потврдило или отфрлило само ако се спореди што нудат другите за иста цена. Инаку до сега сум задоволен од Specialized

Мерида не е лош бренд, само мене не ми се допаѓа како изгледа.

КТМ кај нас има одлична подршка и добар продавач. Мана е што немаат на лагер и треба многу да чекаш.

Трек ги застапува фирма што никогаш не би купил од нив, бидејќи имаат најлош support и однос, барем од искуствата мои и на моите блиски.

Scott во Вучко знае да има одлична понуда.

Со други зборови, немај предрасуди према марката, бидејќи квалитетот на извиканите марки им  е тука некаде. Најбитно ти е :

1. Рамот -Основа на точакот. Ко да збориме за шасија и подвозје на кола. Обрати внимание на големината и на геометријата, и обавезно малку повози пред да купиш. Ако си на граница измеѓу две големини, секогаш е подобро да одиш со помалиот, па да си играш со подолг стем од колку да го купиш поголемиот. Ова важи само ако си на граница.

Од што е направен рамот и како е направен (од тоа зависи колку е цврст точакот, колку апсорбира од удари).

2. Не купувај никогаш точак со тиња РАМ, а подобра опрема, бидејќи рамот ти е основа, а опремата се менува

Најдобро од кога ќе пробаш и видиш (најбитно е да ти е скроз тамам, па после све друго), пушти ги конкретните модели па ќе споделам мислење кој е подобар полош за цената

Дарко
Taка и јас го купив првиот мој велосипед.Од Словенија.Не е баш така како што велиш.Разлика на 500 евра може да има 100 евра,ништо повеќе од тоа.Значи ако тука велосипедот е 500 евра таму би се земал за 400.Работата е што треба парите да ги имаш и да ги дадеш па дури после да си го поврати човек ддв-то назад.

Сум правел и пресметки за другари пред една година како фаќа да се земе од Србија и пак испаѓа она што го велам.Во секој случај се исплати само за поскапи точаци,особено оние над 500 евра.

Не би се согласил и дека Словенија и Хрватска се најевтини.Напротив мислам дека се поскапи во регионот,иако тоа што велиш дека нашиве земаат од Словенија е точно.Чист пример се МЕрида но тоа не значи дека тие се втора рака туку напротив,тие стигнуваат прво во Словенија за цел балкан и потоа ги распоредуваат во Словенија,Србија,Maкедонија итн.

Погоре велиш дека КТМ има добар Сервис и подршка. ??? :( Скромна продавничка што секогаш имаат по два-три модела на велосипеди и од истите по 20 комада.НЕ ти е ова малку глупо.Само КТМ ултра фире го имаа и уште два модела на ктм годинава.Прескромно за една велосипедска продавница.

Туку за бајкстоп збориш.Незнам за тебе,но според мене мислам дека пофер и поискрен човек од Џими нема кај нас.Едноставно човекот не продава ветар во магла кога ќе му влезеш во дуќан.Младиот е малку мрзлив точно :) aли гледам во последно време и он се оправува.Во секој случај овластени се за FOX,a тоа не е мала работа.Едноставно баш ми е о.к и амбиентот.Дури мислам дека имаат и премногу роба која тешко се продава на нашиот пазар.Свака част за луѓево.

Вучко пак си е втора рака и никогаш немаат нешто подобро.Увоз од Србија и Бугарија. :( Едноставно велосипед кај нив за добра цена не може да се добие.Газдата си работи сосема друго и имам чувство како да му е ова зафрканција.Сервисот им е очаен,а верувам дека ќе се согласиш дека иста продавница за лампиони и велосипеди не бива.:)

За советите кои ги имаш дадено за рамките и тексто до крај апсолутно се согласувам.

ЗА Крај!Нема потреба да се оди веќе на нов велосипед или од увоз.Би го пофалил Орце швајцарецот.Едноставно човекот ги утепа сите во овие месец дена.Мислам дека толку велосипеди немаат вкупно дадено сите продавници во Скопје колку што има он.Број 1 дефинитивно.

Двајца другари во мало веќе возат негови велосипеди.Едноставно нови велосипедиве.Комуницирав со него на фејсбук и ми се виде доста фер дечково.Веројатно си ги има примено швајцарските вредности,па љубезноста и помошта му се јака страна.
Би препорачал секој да се обрати прво кај него за велосипеди па дури после на други места.

Инаку кога ќе ги земам во прилог неколку фактори за нашиве продавници!Снабденост,велосипедски амбиент и љубезност би ги рангирал вака
Не ми се верува,се утепав пишувајќи за продавнциве,али ми го снема текстот :(

« Последно менување: 13 Јануари 2014, 05:06:15 am malinamamun »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18029
Одг: Велосипед
« Одговори #1546 на: 13 Јануари 2014, 04:38:17 am »
Јас сум запрепастен од Орце. Уште не ми е јасно, сериозно.
Ако велосипедите се нови, цените за кои ги дава се апсолутно смешни!
Секоја чест на човекот! Сериозно се тепаат да му купат точак!

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Велосипед
« Одговори #1547 на: 13 Јануари 2014, 05:10:38 am »
леле бе што ми е криво значи за текстов.Цела ноќ останав.Заглави нешто странава и отиде се што бев напишал...Ништо здравје следен пат кога ќе сум порасположен :)
« Последно менување: 13 Јануари 2014, 05:21:00 am malinamamun »

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #1548 на: 13 Јануари 2014, 07:15:08 am »
леле бе што ми е криво значи за текстов.Цела ноќ останав.Заглави нешто странава и отиде се што бев напишал...Ништо здравје следен пат кога ќе сум порасположен :)
Ај да напишеш.  :)

Следен пат ум во глава, поголем текст ќе си отвориш notepad или word. Со форумите се дешава овака одвреме навреме. После неколку зајеби се учиш да не куцаш директно во browser (за големи постови).  :)

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Велосипед
« Одговори #1549 на: 13 Јануари 2014, 12:18:28 pm »
леле бе што ми е криво значи за текстов.Цела ноќ останав.Заглави нешто странава и отиде се што бев напишал...Ништо здравје следен пат кога ќе сум порасположен :)
Ај да напишеш.  :)

Следен пат ум во глава, поголем текст ќе си отвориш notepad или word. Со форумите се дешава овака одвреме навреме. После неколку зајеби се учиш да не куцаш директно во browser (за големи постови).  :)
во право си апсолутно!

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16793
  • Keep it 100
Одг: Велосипед
« Одговори #1550 на: 13 Јануари 2014, 12:39:00 pm »
Орце Швајцарецот?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18029
Одг: Велосипед
« Одговори #1551 на: 13 Јануари 2014, 12:43:32 pm »
Orce Orka на Sporty Sale групата. Разлистај ги постовите ќе го најдеш.

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #1552 на: 14 Јануари 2014, 02:30:12 am »
Момци, едно прашање... ма две прашања уствари. :)

Сакам да возам понешто офроуд со пријатели, ништо екстремно. Плус сам да си возам на Водно за кондиција (за тоа понатаму некој поевтин роуд/сити бајк, но за сега со овој).
Се мислам да го купам точаков доле. Имам некоја пристојна понуда, но морам да се одлучам бргу.
http://merida-bikes.com/en_za/bike/2014/57/MTB+Hardtails/Big.Nine+TFS+100

Првото прашање е, дали ќе имам проблеми со овие тркала на офроуд? Дали некој има некое искуство со нив? Инаку тежок сум 94-95кила.
Фелни:    Big Nine Pro D
Тркала:    Matts Pro D ALEX RIMS

Второ, преносот... дали со моите  94-95кила пребрзо ќе го заебам на успони како Водно? Дали обавезно да инсистирам на Деоре/ХТ класа на пренос?
Пренос:    Shimano M171 42-34-24 CG
Менувач преден: Shimano M190  (Altus)
Менувач заден:    Shimano Deore 9
Запчаници касета: Sram PG820 11-32

Малку сум параноичен, ама тоа е затоа што веќе експресно заебав пренос од еден поевтин точак. Би било убаво ако некој знае да советува дали овој бајк е на ниво на задачата.
Да загризувам, или да почекам подобра прилика и во меѓувреме да си бркам работа за некој роуд бајк исклучиво за на асфалт (Водно)?  :)

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Велосипед
« Одговори #1553 на: 14 Јануари 2014, 05:17:58 am »
 
Слаб ти е преносот!Види нешто од Шимано 4 серија.Незначи дека овој на меридата нема да те издржи али на тој со постојано возење една сезона и се фрла.Братучед секоја година си купува за неговиот исти.

Sирни си половни!Имаше еден на спорти сале скот 29ка.Не е лош воопшто вака на прва.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10201191449092194&set=gm.354094551395124&type=1&theater

Или пак да се обидеш кај орце да видиш дали нешто има или дали може да донесе.
Побарај на фејсбук Orce orka.

Мислам дека меридава не е под 500 евра,а за тие пари ќе земеш точак со многу поубави делови,нормално од увоз.Незнам колку средства имаш на располагање,но види го и овој скот 29ка од тетово долго време стои на оглас.И тој е исто добар,ама мислам дека беше по соленичок.

http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=987048

Незнам дали смее да се праќаат линкови од огласи на форумов.АКо не смее ќе ги замолам администратори да ги избришат линковите погоре.

Се надевам дека ти помогнав колку толку.

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #1554 на: 14 Јануари 2014, 12:32:15 pm »
Sирни си половни!Имаше еден на спорти сале скот 29ка.Не е лош воопшто вака на прва.
...
Или пак да се обидеш кај орце да видиш дали нешто има или дали може да донесе.
Побарај на фејсбук Orce orka.

Мислам дека меридава не е под 500 евра,а за тие пари ќе земеш точак со многу поубави делови,нормално од увоз.Незнам колку средства имаш на располагање...

Меридата е точно 510евра, со некоја акциска цена спуштена е од 43900 на 30790 денари (мада тоа беше до вчера, не знам дали сега ќе ми дадат попуст, а без попуст дефинитвно нема да купам). Сакаш да кажеш дека и не е баш некоја прилика понудава?
Ве читав кога пишувавте за увоз на точаци, едно е ако отидеш на одмор ама ако отидеш специјално за точак, тогаш се собираат давачки, зелен картон, гориво, патарини... потоа ако не ги убедиш продавачите да ти напишат пониска фактура, треба да се плаќаат даноци, царини. Навистина толку поевтино се наоѓаат (и излегуваат донесени) точаците од надвор?

Никако не би зимал половен точак освен ако е од познат човек. (Најверојатно на моја штета, ама тоа е)
Инаку Орце Орка напиша дека до Април нема други точаци да има.

Фала за советите до сега, гледам што имаат од делови во продавницата, да видам ако се нафатат да ми дозволат да доплатам за замена на преносот.

Првото прашање е, дали ќе имам проблеми со овие тркала на офроуд? Дали некој има некое искуство со нив? Инаку тежок сум 94-95кила.
Фелни:    Big Nine Pro D
Тркала:    Matts Pro D ALEX RIMS

Очигледно имаa грешка на сајтот, фелните (римс) се Big Nine Pro D.

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Велосипед
« Одговори #1555 на: 14 Јануари 2014, 22:14:26 pm »

За намалување ќе ти намалат!Таа цена им е речиси стално!Е сега тоа е друго доколку треба да направат нарачка дента,а ти си закаснил.Цената е реална!

МЕне воопшто не ми се гледа евтино меридава.За поагресвно возење рачунај дека ќе треба натаму(а можеби и одма)да ги менуваш кочниците,преден менувач по можност и тркала.За амортизерот преден да не зборувам.Единствено на точаков ми се допаѓаат гумите.Другото се е слаба категорија.За тоа што го велиш дури мислам дека и 300ката ти е слаба.И не ми е јасно,иако можда и не е толку битно!Велосипедов е со 24 или 27 брзини!Незнам како ти возиш велосипед,но јaс ако би бил на твое место не би гледал ништо послабо од 500ката!

Не мислев на увоз со кој ќе си купиш ти и ќе си вратиш ддв,туку на увозот на Мартин,Столе Орце итн.Има луѓе од увоз кои си лупаат цени бетер и од овие.Пример еден Во камник шашав.

Инаку за увоз на нов ти се исплати само ако го имаат на лагер велосипедот во србија кој ти се допаѓа и доколку си побарш плус попуст покрај ддв-то,и ако не ти смета да го земеш од таму.Нормално да е цената над 600 евра,инаку оваа мерида која ја гледаш воопшто и не се исплати да ја земеш од таму.Треба најчесто враќање пак во Дуќан или пак да имаш некој во Србија.Со еден збор има заебанции премногу.

Види си го кај Орце скотот ако уште го има!Другарот оној пат му пишал и велел дека има два скота.Нема сигурно да изгубиш ако му пишеш.Не верувам дека ги дал двата скота,а често знае и да има необјавени велосипеди.

Јас се токмам да одам деновиве,ако има уште.

Исто види и кај овие другите,мада кај кумановецот треба да се внимава бидејќи повеќето пати се преправани велосипедите.Заради тоа и толку време веројатно му стојат.

Пробај и кај Столе,мада и кај него треба многу да се внимава.Знае да има супер и евтина роба,но и да донесе некој велосипед кој никаде го нема(копија)Неодамна Имаше дискусии за ова на фејсбук,за на крај да испадне дека точакот е навистина некоја извртена верзија на скот.Колега пак од факултет купи од кај него пред 1 година и добро му се погоди,но го плати нешто ситно помалку од нов.
Туку дали провери за скотовите што ти пуштив линк погоре.СЕ јави ли на тетовецот да го прашаш колку му бара?
Сепак иако не е нешто со опрема ,напред FOX-от го прави одличен.

Мој совет,не се залетувај одма.Пробај си прво кај луѓево па потоа по продавнициве.

Присутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Велосипед
« Одговори #1556 на: 15 Јануари 2014, 21:37:26 pm »
Дефинитивно нема да се залетувам. Нешто ги прашував (продавницата) за замена на компоненти и не сакаа ни да ми одговорат дефинитивно дали е можно или не, надградба со доплата. На мои детални прашања, одговараа само со „дојди во дуќан„... Многу ме нервира некомуникативност во вакви ситуации, толку ли имаат работа или нешто друго е во прашање. Не дека не би отишол во дуќан, ама ако нема шанси за тоа што го барам... па тогаш зошто да губам време со нив. Точно ме интересира тоа што го барам, и ништо друго од другите точаци во дуќанот.
Нејсе, и онака е зима. Но морам да признаам ме чешаше џепот, да ми кажеа „да, може доградба!„ ќе го купев точакот (со некои делови заменети).

Инаку не знам дали нагласив, ама дефинитивно сакам хардтејл со 29ки тркала. Овие од огласиве сите се 26ки, плус половен точак ако не е од познат, или познат на познат... не би ризикувал. Ако испадне дека нешто не е во ред, ќе ми испадне поскапо од нов точак, на страна што во скоро секој случај ќе има некаква амортизација. Така да половен точак, не.

МЕне воопшто не ми се гледа евтино меридава.За поагресвно возење рачунај дека ќе треба натаму(а можеби и одма)да ги менуваш кочниците,преден менувач по можност и тркала.За амортизерот преден да не зборувам.Единствено на точаков ми се допаѓаат гумите.Другото се е слаба категорија.За тоа што го велиш дури мислам дека и 300ката ти е слаба.И не ми е јасно,иако можда и не е толку битно!Велосипедов е со 24 или 27 брзини!Незнам како ти возиш велосипед,но јaс ако би бил на твое место не би гледал ништо послабо од 500ката!
За вилушката знам дека не ја бива, читав ревјуа на нет. Но во ентри левел почетничкава класа сите точаци идат со такви ќумур Suntour вилушки. Планот беше понатаму да си земам нешто во класа на RockShox Tora TK 29.

Инаку со оваа Мерида во иста серија има повисоки модели што идат накај 1300$, со истата рамка и тркала... размислувањето ми беше дека би требало рамката и тркалата да се ОК. За преносот знам дека е тиња за успони и ХС офроуд, затоа и им барав во продавницата да го сменам од веднаш.
Но ме чудиш што велиш дека кочниците не ги бива, на нет и по форуми пишуваат дека не се ништо посебно но и дека не се толку лоши.

Како и да е, фала за советите до сега. Ценам што го споделуваш искуството.  :)

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6221
Одг: Велосипед
« Одговори #1557 на: 15 Јануари 2014, 22:01:41 pm »
Момци када да набавам квалитетни лагери за осовината кај педаљите?

Отсутен bobi010

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 448
Одг: Велосипед
« Одговори #1558 на: 15 Јануари 2014, 22:14:44 pm »
Цела осовина најпаметно да ја замениш :)

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6221
Одг: Велосипед
« Одговори #1559 на: 15 Јануари 2014, 22:16:09 pm »
Нова е осовината,ама ај дај предлог,иначе размислував на касетна онаа шо е затворената со машински лагери да ставам ако најдам нешто поефтино