Сега по некоја логика би требало да може да се начека најголем попуст на точаци.
Сакам да ве замолам вас што ги следите работиве, да пишете ако слушнете за интересни понуди по продавнициве.
Мене лично ме интересира нешто осредна кон евтина класа, но што поквалитетно можно за парите. Точакот најмногу би се користел за на Водно, и тоа во најголем дел за возење по асфалт. Маунтинбајк, дефинитивно хардтејл, би сакал поквалитетна вилушка (колкав од би бил оптимален за мојава намена?), преносен систем што ќе издржи солидна километража со м’кнење 100кила... Кочници би поминале и V-брејк, тркала/гуми нешто од спомнатата ценовна класа.
Идејата е некако што повеќе пари да отидат во преносот и вилушката, другото не ми е толку важно се додека е ОК за на Водно (и можеби понекогаш некој лаган офроуд).
Знам дека нема баш голем избор во нашиве продавници, па спремен сум на компромиси, ако испаднат убави понуди. Не ми важна тежината на точакот, туку издржливост, долготрајноста/квалитетот и цената (по овој редослед).
Размислувам и да си нарачам делови од САД. Транспортот на страна, како оди за царинење ова? Има ли да се купи само рамка кај нас? Или рамка на старо?
Давајте совети, треба со спортување малку да се почне..
