Дајте бе малку муабет разврзете...! 
Сте возеле 29ки, 27.5ки... кажете некои лични мислења, навистина 29ките заменуваат 1 инч од, од вилушката? Колку сте високи (ако користите 29ки, 27.5ки), какви рамки користите?
Која продавница иде со пофер цени, се исплати да почекам уште за поголеми попусти, има некаде лански/преклански модели со поевтини цено, каде се порасположени за менување компоненти од готовите точаци со нормални разлики во доплата?
29ka e подобар избор ако не ти пречи визуелно.Имам пробано 2 скота,трекови и cannondale и перформансите се подобри(тоа е неоспорен факт)
Инаку не ти е толку битен преносот.Ти гледај си поубави главини на тркала ако си толку тежок!Можеш од деоре нагоре(али тоа кошта),мада не значи дека и послабите нема да држат.Не е некое мерило тоа навистина.Пријател 120килаш купи скот аспект 70 или 60 така нешто(од меѓу најевтините модели на скот).5 година му е веќе и каде се не отиде со него.Све што има сменето он во овие 5 години е ланец и задни гумици.Исто така има штелувано 2 до 4 пати највеќе бандаши и тоа е се.А верувај не би сакал да го видиш каде и како го вози велосипедот.Така да тоа верувај нема врска.
Инаку премногу грешиш со изборот на "половен" велосипед.Кај нас 90% се такви.За парите можеш многу подобар избор да добиеш,мада јас претпочитам да си има документи за да не би си имал утре некој проблем.
Инаку ако сакаш веќе класа велосипед на кој се ќе е марка и луксуз(fox амортизер,деоре хт или хтр преноси,рамки уникатни итн)тогаш веројатно тие 30000 ќе треба да ги дадеш на само еден дел од горе споменатите.
Разлика има да.Таков возам јас и здравје ако натаму земеш велосипед па ако возиме некоја тура(веројатно ќе се видиме на водно,бидејќи ретко одам надвор некаде)

и ќе ја осетиш разликата.
Кога јас би се прашувал рамката ми е на прво место и таа гледам да е најдобра.
Грешка никогаш нема да направиш со скот,трек,кенондејл,фокус(ауто е ауто нели

)
Добра е и меридата,особено како понов бренд.Имам пробано една и доста ми се допадна,а и погледни го Слободан(касандар)колку го има утепано неговиот од возење и по тоа ќе ти стане јасно(мислам дека подобро мерило од него нема
Најдобар тестер дефинитивно

.Со голфот немаш идено таму,каде он со точак има поминато.
A и да одиш сигурно голфот би прокувал!мала шега се разбира.
На крај!Пиши ми пораче ако сакаш убав велосипед кој е малку возен и е под гаранција.Не ти ветувам дека ќе ти завршам работа,али мислам дека ќе може да го убедиме пријателов да го даде бидејќи како украс му стои дома.
Ме виде мене дека возам јас и него му дојде желба па купи.Ама кога го виде скопскиот Контадор(мислам на мене

)како вози се откажа многу брзо и одтогаш велосипедот ретко го вози.јас му викам не е до велосипедот,нозе требаат,а он не ми верува.
