@Класен, да не цитирам постови ќе ти одговорам диреК:
Неможе да настане никаква штета ни на обрачот ни на жиците а најмалце на главината.
1. Обрачот е дизајниран да трпи доста големи стресови кои не траат така кратко, башка со самото тоа што е под тензија од жиците дополнително го распоредува притисокот од куката.
2. Жиците може да пукнат ако се непрописно стегнати односно има големи разлики помеѓу истите меѓутоа ова ќе се примети пошто тркалото ќе шета лево десно или горе доле.
3. Главината овде е составена од шољица 9 лагери и конус (по страна). Кога се затегаат конусите се стегаат доволно за да во секој момент тежината делува на поголема површина а не само на една куглица (овој дел знам дека ти е многу познат).
Пластично кажано слободно може да виси точаков на куката на бандаш без страв дека било што ќе му се случи.
