Да ја продолжам приказната со Номад каде пред 2 месеца плетев обрачи, мислам дека добро ќе дојде да го споделам моето искуство со нив.
Пред два месеца им го однесов точакот за кој земав две нови главини кои требаше да ми ги сплетат, точакот го однесов како што доликува, испран, сменив нови пакни на кочниците бидејќи старите веќе бе истрошени и истовремено си реков добро ќе дојде да го избалансираат тркалото спрема новите пакни, за да не закачува дискот ако ги сменам отпосле. Дисковите исчистени со алкохол, се тип топ.
После недела ми се јавија да ми кажат дека точакот е готов, среќен отидов си го земав. Првото возење накај дома, кочниците свират, дисковите измрсени максимално, автоматски џабе сум ставил нови пакни, требаше се да чистам и деконтаминирам од маст/уље што и да имал на ракавици сервисерот кога ги фаќал. Дојдов дома, прегледувам бандажот, на задниот бандаж 3 големи пукнатини кај што влегуваат жиците.
Исконтактирав со нив, ми беше детално објаснето што е работено на точакот, дека се е правено по прописи, и дека пукањето не е настанато кај нив, и дека они не приметиле пукнатини на бандажот. Во ред, бандажот беше стар, ако бил пукнат кога го оставив ќе приметеле 100 % кога го плетеле, при што дојдов до заклучок дека е пукнат најверојатно кога сум го возел накај дома. Си купив тензиометар, проучив малку како се мери и која е максималната вредност која треба да ја имаат жиците, и заклучив дека задните жици се дупло повеќе стегнати од предните, каде жиците каде бандажот беше пукнат беа над лимитот пропишан за бандажот, а штом пукнал бандажот автоматски се ослободила тензијата, што значи биле стегнати уште повеќе.
Во ред, и покрај тоа со жиците, сепак си реков ајде стар бандаж, и јас сум крив што ги искористив место да купам нови.
Набавувам нов бандаж, од Номад ми понудија бесплатно да ми го сплетат бандажот уште кога им пишав за пукнатините, нешто за кое се мислев, и им посочив дека не сакам бесплатно да добивам услуга, бидејќи сум карактер кој ќе мисли дека им должам и дека ми работат за џабе, иако вината за престегањето на жиците е нивна, а моја е што користев стар бандаж.
Понеделникот им пишав дека набавив бандаж, пресметав должина на жици, им пратив димензии на главина и бандаж, и ги замолив да ми кажат дали е во ред за да нарачам жици или да отидам кај нив да ми премерат. Вторникот гледам дека пораката е видена истиот ден, не ми одговорија, им пишав уште еднаш. Доаѓа Среда, денес, гледам дека пораката повторно е видена истиот ден и повторно ме игнорираат.
Заклучок, иако мислев дека се сериозна фирма, и имав план да си нарачам Скот карбонски точак од неколку илјади евра, после ваквиот нивни однос, повеќе ниту размислувам да влезам, ниту да ги препорачам некаде.
Дечките во продавницата ми изгледаа топ, ама очигледно ако настане некој проблем отпосле го прават македнското, на игнор.
Следен чекор, како и се што до сега си одржував сам, бидејќи ми пукна филмот, ќе си купам опрема за балансирање, клучеви за плетење, ќе фрлам 150 евра ама нема повеќе да се замарам со МК фирмички.