Колку пензионери возат вакви низ Германија и мислат дека спортуваат, премногу
Па не е дека сам вози, мора и ти да педалаш, ама секако е полесно каде каде. Плус може да се прошета многу повеќе него ли со обичен, или да носиш поголем терет. Лично јас не сум за ебајк за спортување, ама би возел за до работа кога би имал таква прилика.
Cube ми е омилен бренд, сигурен сум дека добро вози и со лесно да си го педалаш @velestrumf, па да споделиш инфо после некое време како е со батерија, колку се поминува со полна батерија, колку брзо се полни, кочи ли солидно, на што треба да се внимава при возење и сл.
Хелоу,
Уште не сум стигнал да му пунам батерија.
Кога го земав имаше 86%, сега има 45%, а имам поминато 42 километри.
Прекрасен е за возење, кочниците се во ред, мада јас би сакал малце посилно да реагираат, особено задната.
Има 4 режими на работа (електро-поддршка): Eco, Tour+, Auto и Turbo. Наводно во "Еко" може да тера накај 100 километри, мада чисто сумњам дека ќе го возам во Еко режим.
На стариот точак имам корпа напред, на која сум прописно многу навикнат, па си нарачав и за овој.
Иначе може извесни ствари да се чепкаат во апликацијата. Меѓу другото, може да се постави "e-lock", односно да го отклучаш електро-моторот со телефон. Со оглед на тоа што точакот се врзува само со еден телефон, првин ја уклучив оваа функција, па ја исклучив, пошто не би имал "бекап".
Кражба на точакот е покриена со осигурување, а од друга страна, ако сум заборавил телефон, или ми го украле, или ми се истрошила батеријата, или нешто му се случило, нема да можам да го возам точакот.