Во право си, изгледа е променет законот. Јас мислев дека до 22 евра не се плаќа ништо, од 22 до 45 евра само ДДВ, а на 45 евра и ДДВ и царина. Во тој случај, може да се исплати да се нарача нешто преку страниве, само штета што повеќето Shimano делови не ги праќаат кај нас.
Волан и стем на eBay не најдов, ама најдов кочници. Се работи за Clarks Clout1, околу 50 долари се со бесплатна поштарина. Ќе треба сигурно преку месец дена да стигнат, ама цената е сосема солидна, а кочниците се одлични.
Уште едно прашање, може ли некако на Chainreaction да им се каже да не ја праќаат пратката по DHL? Волан и стем најдов на нивната страна, само ми е страв од непредвидливи трошоци.