Здраво дечки, потребна ми е помош околу бирање на Велосипед.
Тотален лаик сум со целава нова технологија околу велосипедиве со оглед на тоа што дома имам ROG стар 20 години

Точакот би го зел главно за возење низ град, на црвена патека најмногу, чат пат од град до селава низ Скопска Црна Гора еден круг и тоа би било тоа.
Значи 90 проценти асфалт со чат пат некој километар по некаква калдрма, земја, ништо екстремно.
Ниедна тура не би ми изнесувала повеќе од 30 км.
Би земал нешто квалитетно, па пуштајте предлози
