Пробај и со https://www.bike-discount.de/, јас во Германија нарачував од кај нив, најдобри цени имаа за работите што ми требаа.
Мислам дека враќање на данок не е возможно, зашто некој би требал да го направи тоа на царина, а не верувам дека испраќачот би се замарал за тоа.
Може грешам, ако некој има искуство би било добро да се сподели и за други да знаат, а и јас би сакал да знам, да пренесам на пријатели во МК.
Не мислев на враќање на данок! Туку на плаќање пониска цена без ВАТ!
Прашав пошто го видов ова во Shipping costs:
Terms of delivery outside the EU
In case of deliveries outside of the European Union, we will subtract the german VAT (19%).
Ама по се изгледа цените се изразени без ВАТ
Во корпата ако ти е одбрана Македонија, без германски данок ти ги дава цените.
Да, стигнуваат по регуларна пошта за 1-3 недели зависи од ситуацијава знајш.
Над 90€ сосе поштарина, имаш на 18% данокот наш, плус 13% е за гуми царина, ако те фати под 90€ пратката само ддв имаш. Ако имаш среќа можи ништо.
ЕДИТ
https://www.bike-discount.de
исто така без германски данок ги дава цените, и оттаму имам купувано, зависи каде ќе се начека подобра цена или роба.
Кај овие bike-components.de ми излезе просто изненадувачка цена за гумите што ги барав, до сега не сум видел толку ниска никаде по Европа, вкупно со поштарина за две Швалбе Супер Мото X излегуваат 56.13еур, се помислив да им побарам да ја декларираат само цената без поштарината, ради нашава царина, а ја да им платам фул......само не верувам дека швабиве би се согласиле на такво нешто!