Порано се знаеше масленце на ланецот, неколку клучеви во ранец, лепенки, резервна и пумпа и терав од Битола до Претор, Отешево или Љубаништа со Рог обичен подоцна татко ми си купи некој Крос бугарски него го земав.. Шо се измени во последните години незнам ама се повеќе ми се чини филм се тера место возење како женска за на шеталиште се третираат. Ваков восок онаков восок, парафин, алиштата не биле прикладни, гумите немале заштита од дупење, другите со млеко биле внатре... Некогаш си прават муабет низ друштво си велам можи јас глуп сум нешто или остарев на 30 години, се осеќам како стар чоек со смартфон во рацете шо прашува кај ми се бројките овде.