Како аутсајдер во брендовиве да прашам поискусни. Ми даваат Спешалајзд Кростреил купен лани т.е. неколку месеци возен за 400 еура.. незнам дали е многу или малку бидејки гледам дека на страната не го продаваат више кростреил.. некое искуство? дали е ок за парите во основ дали има ок опрема за нормално возење пример 30км на тура?
Јас имам Crosstrail од 2017. Само во 2020 поминав околу 1300 км со него. Имав проблем со кочниците (шкрипеа како локомотива на кочење), ги сменија во Про-Спорт со подобри и од тогаш немало никаков проблем. Конкретната серија од 2017 имаше проблем со кочниците и имаа дозвола од Specialized да ги сменат бесплатно.
30 км тури не се никаков проблем. Јас стигнав до 90 км и немаше никаков проблем. Освен јас што ќе умрев.

Јас сум пре-пре-презадоволен. Ако ти одговараат цената и димензиите, да си го земеш и да се забораиш од возење.