...
И денес имаш такви точаци што бараат само лепенки, неколку клучеви и пумпа, и се подмачкуваат со прегорено масло од Фап што 6 месеци носел дрва од Шар Планина.
Имаш и точаци што имаат фина механика и хидраулика, изгледаат привлечно, возат брзо на асфалт или пак се најзабавни надвор од асфалт. За нив, ако сакаш да ги задржат карактеристиките што ти го прават тој ќеиф/мерак, треба наменско масло, треба млеко во гуми, треба заштита од дупнување, треба сервисирање лагери, редовно чистење...
Ако порано едноставниот точак беше задолжителен за сите зошто немаше друго, сега - ние што сакаме нешто повеќе од велосипедот освен рудиментарно превозно средство - можеме да бираме и сум многу среќен поради тоа
