Јас имам светла на динамо на градскиот точак, динамото е Shimano Hub Dynamo, односно предна осовина која во исто време е и динамо. На почеток мислев дека ќе кочи многу ама загубите се апсолутно незабележливи.
За мене не постои подобар систем за осветлување на велосипед.
Ако имаш можност за таква комбинација, топла препорака. Светлата што вредат се малце поскапи ама кога еднаш ќе развозиш точак со добро, убаво светло, секаде ќе го бараш истото.
Мојата комбинација е AXA Echo 30 напред и AXA Blueline позади. Извонредни светла, само доста скапички, 1800-2000 комплет и тоа со јак попуст.
Busch + Muller се исто одличен бренд за динамо светла, само немаме увозник тука. За АХА се наоѓа по нешто во Номад.